21.8.2015 11:35:03
Oдмерувањето на висината на глобата за правно лице и трговец поединец согласно Законот за прекршоци
Со новиот Закон за прекршоци, објавен во Службен весник на РМ бр. 124 од 23.07.2015 год. а со примена од 31.07.2015 год. се намалени прекршочните казни за правните и физичките лица, односно се внесуваат неколку новини во пропишувањето и изрекувањето прекршочни санкции, како:
»можност за изрекување на санкцијата Забрана на вршење професија, дејност или должност како самостојна санкција;
»можност за пропишување глоба за правно лице во процентуален износ од вкупните приходи на правното лице за одделни прекршоци од областа на заштита на конкуренција најтешко категоризираните прекршоци од областа на животната средина, како и во други области определени со закон;
»можност за изрекување опомена на правното лице
Согласно новиот Закон за прекршоци е извршено усогласување во даночните закони објавени во Службен весник на РМ бр. 129 од 31.07.2015 год. на што посебен акцент саваме на новиот член - Oдмерувањето на висината на глобата за правно лице и трговец поединец согласно Законот за прекршоци.
Со овие измени во даночните закон и новиот Закон за прекршоци, даночните инспектори по извршени надворешни контроли не ќе можат повеќе да изрекуваат глоби и за 1 денар наод (досегашна пракса на некои даночни инспектори), односно одговорното лице во правното лице и трговецот поединец може сам да ја пресмета висината на глобата согласно наодот од надворешната контрола.
Според тоа, сметаме дека одговорните лица во правните лица и трговците поединци треба да ги знаат прекршочните одредбите од даночните закони, поради што на јасен и разбирлив јазик ви ги презентираме следните:
Закон за данок на додадена вредност
Закон за персонален данок на доход
Закон за регистрирање на готовински плаќања