15.8.2014 14:39:09
Услуги
Ние ги разбираме сопствениците на микро, мали и средни бизниси дека немаат време да се справат со сложените сметководствени и даночни проблеми, затоа нашиот стручен тим Ви нуди услуги и гарантира висок квалитет со почитување на правилата за квалитет во обезбедувањето на услугите дефинирани со позитивните законски прописи.
Соработката со нас ви нуди безбедна и сигурна иднина
Со користење на нашите услуги, компаниите добиваат помош на ниво што е потребно да се обезбеди контрола на исправна примена на законските прописи врз финансиските книги при склучување на договори, припрема и изготвување на финансиските документи, како и при евидентирање и архивирање на целокупната документација, материјално и благајничко работење, евиденциите на големо и мало и други законски обврски кои ги имаат компаниите. Нашите услуги може да бидат дизајнирани на ниво кое одговара на компанијата, што ја прави атрактивна бизнис модел за многумина.
Зашто ние?
Дали поминувате повеќе време обидувајќи се да им ги укажете гршките на вашите вработени и ги упатите во ефикасно обавување на нивните задачи во законското изготвувањето на финансиските документи и споредните евиденции во вашите книги отколку што сo вашиот бизнис? Дали до сега имате платено парична казна поради непознавање или погрешно применување на законските прописи во вашите деловни книги? Дали сте сигурни дека во вашата компанија се применуваат сите законски обврски кои важат за сите правни субјекти? Дали редовно и навремено сте известени со најновите измени и промени во законската регулатива? Дали сакате искусни професионалци со долгодишно искуство да се справат со вашите дилеми, но неможете да си дозволите тим со полно работно време во компанијата? Дали ви се допаѓа да имате партнер и даночен советник на кој можете да му верувате и да бидете сигурни дека вашите деловни книги и евиденции се во согласност со законските прописи и ризикот е сведен на минимум од плаќање на парични казни?
Ако одговорите со "да" на било кое од овие прашања, друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ може да ги реши вашите проблеми.
Предавањето на вашиот товар ќе ви овозможи да се фокусирате на основните прашања на вашиот бизнис, како што е напредок и раст на компанијата.
Имајќи сигурен партнер кој ќе се грижи за законски и точни евиденции во вашите деловни книги, ќе си овозможите да ви биде појасно како ризикот да го сведете на минимум и како најдобро да се заштите од казните, да постапувате поодлучно, попромислено, поумерено и да донесувате подобри и помудри одлуки во вашиот бизнис.
Кои се придобивките од користењето на наушите услуги?
Заштеда на пари, простор и време - Намалување на вкупните трошоци во компанијата. Ова вклучува намалување на бројот на вработени, дефинирање на нивото на квалитет, одговорност и ре-структуирање со цел да станат повеќе профитабилни.
Се фокусира на основната дејност - менаџерите се фокусирани на развојот на основната дејност.
Цена на ре-структуктуирање - е мерка која ги споредува фиксните со променливите трошоци. Користењето на надворешни услуги воспоставува рамнотежа на овој однос, нудејќи им на потег од фиксен кон варијабилен трошок, со тоа што варијабилните трошоци се попредвидливи.
Квалитетот - Обезбедување на квалитетни услуги од професионалци преку склучување договори за услуги.
Оперативна експериза - Пристап кон оперативна најдобра практика, долгогодишно искуство и одржлив извор на вештини и знаење, што тоа би било премногу тешко или одзема време и трошоци да се развие во една компанија.
Договор - Услугите ќе бидат обезбедени со правно обврзувачки договор за сигурност, квалитет и надомест на штета, што ова не е случај со вработените.
Управување со ризикот – Еден пристап кон управувањето со ризикот за некои видови на ризици е да се здружат со давателот на услугите кој е поспособен да обезбеди техники за мерење, следење и контроли за избегнување, намалување на негативениот ефект на ризик и прифаќање на некои или сите последици од одреден ризик.
Ќе бидете привлечени од цената и воодушевени од квалитетот. Колку ќе не ангажирате, толку ќе платите, цента зависи од вас и вашите потреби, што овозможува неверојатна заштеда на секој клиент.
Што нудиме ние?
- Даночен консалтинг
- Управување со даночен ризик
- Сметководствени услуги
- Учество во завршен разговор, Жалби и утврдување на фактичка состојба
- Правни услуги
- Постапка за вонсудско спогодување
Преземете ја одговорноста за успехот во својата работа,
зголемете ги приходите, смалете ги трошоците,
направте го она што е најдобро за ВАС