01.10.2014 13:55:31
Сметководствени услуги
Тим составен од професионални сметководители, кои имаат ниво на експертиза.
Нашите стандардизирани процеси се насочени да ги упатат вашите вработени во вештините на исправната примена на законските прописи, навремено ве запознаваат со најновите измени и промени во законската регулатива, вршат контрола и укажуваат на законската исправност на целокупната финансиска документација (договори, фактури, материјало работење на големо и мало, споредните евиденции, благајничко работење и сл.), витални сметководствени услуги како што се електронско доставување на ДДВ пријави и електронско плаќање сметки/побарувања и плати, главна книга, аналитика |
на купувачи и добавувачи, односно и исправно евидентирање на сите настанати деловни трансакции во пропишаните рокови, согласно законските прописи од даночната сфера, сметководство и Меѓународните сметководствени стандарди кои се применуваат во РМ и изготвување на финансиски извештаи.
Во областа на финансиите и бизнисот најчесто кај малите и средните субјекти, книговодител, сметководител и даночнен советник, едни сопственици имаат тенденција да ги користат наизменично, а други пак сметаат дека е тешко да се разликуваат едни од други. Овие забуни ќе бидат разрешени само ако ги знаете разликите за нивните работни задачи, обврски и одговорности помеѓу нив и последиците од погрешна поставена организациона структура.
Општи услови за вршење сметководствени работи
Со Општите услови за вршење на сметководствени работи се уредуваат општи прашања и нормативни основи кои не се детално регулирани со Договорот и евентуалните анкеси на Договорот. Општите услови за вршење сметководствени работи се составен дел на Договорот за вршење сметководствени работи.
Договорените страни можат да ги менуваат и дополнуваат Општите услови за вршење сметководствени работи исклучиво врз основа на меѓусебна согласност, во рамките на Договорот за вршење на сметководствени работи, односно Анекс кон Договорот, кој претставува негов составен дел.
Основните меѓусебни права, обврски и одговорности меѓу КАУНТ и Корисникот на услугата се уредени со Договорот за вршење сметководствени работи. Ангажманот за вршење на сметководствени работи не може да отпочне пред двостраното потпишување на Договорот.
Какви сметководствени услуги нудиме?
Целосна сметководствена услуга е наменета за мали и средни субјекти со помал обем на работи, а кои сакаат да обезбедат професионален сметководител и даночен советник , со што ги елиминираат до 50% трошоците за плата, едукација, литература, потребата од физичка канцеларија, професионален сметководствен софтвер и одржување, без да размислува за одговорност и квалитет, како и за физички лица/граѓани ДДВ обврзници, адвокати, нотари, извршители, ревизори, стечајни управници и други трговци поединци и самостојни вршители на дејност и микро субјекти.
Сметководствена подршка е наменета за мали и средни субјекти со поголем обем на работа и имаат вработен сметководител или овластен сметководител кој ги извршува сметководствени работи и сакаат да обезбедат сигурност и квалитет од професионален овластен сметководител и даночен советник
Сметководствени аутсорсиг услуги
Дали ви треба контролор или главен професионален сметководител со скратено работно време? Тогаш нашите сметководствени аутсорсиг услуги е наменета за вас. Нашите сметководители ќе управуваат со вашиот сметководствен процес во согласност со општо прифатените сметководствени принципи и правила. Нашите сметководствени аутсорсинг услуги е наменет за правни субјекти кои имаат голем обем на работа и имаат потреба од целосно следење и контрола врз работењето на фирмата, побарувањата и обврските, приходите и трошоците, како и финансиските и даночните извештаи
Вистинското предводење не е престиж, моќ и статус.
Тоа е одоговорност.
Утврдетего проблемот, преземетеја личната одговорност и донесете вистина одлука и решение наместо да го зголемите проблемот.