За Каунт
Друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ Скопје, веќе две децении е лидер во обезбедување на даночни, сметководствени, финансиски и правни услуги на мали и средни субјекти

Поставете прашање

Зачленете се и искористете три бесплатни совети за вашиот бизнис

Повеќе

18.9.2014 10:36:59

За Каунт


Друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ Скопје, веќе две децении е лидер во обезбедување на даночни, сметководствени, финансиски и правни услуги на правни субјекти и физички лица со што им овозможува комплетен сервис и поддршка за непречено извршување во нивните бизнис активности

КАУНТ е основан во 1999 година, како друштво за сметководствени услуги која израсна како една од водечките фирми во земјава со искусен тим и долгодишна континуирана собработка со петнаесет надворешни соработници специјализирани од областа на финансиите и правото, консултантни, правници, ревизори, вештаци, проценители и адвокати,  кои со должно внимание, компетентност и трудољубивост на  професионално знаење и вештини на нивото потребно да се осигура дека своите клиенти ќе ја добијат предноста на компетентна професионална услуга  во обезбедувањето на советодавни услуги,  даночни, сметководствени и слични услуги како и најновите случувања во практиката, законодавството и техниките.

КАУНТ е лиценцирано друштво за вршење сметководствени работи со лиценца број  071 0209 од 23.06.2017 год.

КАУНТ  своите  услуги  ги  обавува  во  сопствен  деловен  простор  од  102 м2, во  центарот  на  градот  Скопје,  на  ул. 50 Дивизија  бр. 36.  

КАУНТ се  одразува  по високите  стандарди и  вискоквалитетни  услуги   во  обезбедување  на  даночни,  сметководствени,   финансиски  и  правни  услуги,  а  со  комбинирање  на експертиза,  искуство  и  енергија  на  своите  вработени,  преку  обуки,  работилници и советувања  го  подигна  нивото  на  даночна  и  финансиска  писменост  на  своите клинети,  со  што  овозможува  комплетен  сервис  и  поддршка  за  непречено извршување  во  нивните  бизнис  активности. 

Наша визија е  нашето постоење и ангажирање  да го засноваме на вредности, принципи и технологии и да растеме заедно со успехот на нашите клиенти.

Наша цел е да бидеме дел од решението, не од проблемот, да бидеме советници, не архивари, да градиме доверба и меѓусебна соработка со нашите клиенти.

Г-ѓа Светлана Јовановска е генерален менаџер и даночен советник и голем простор на финансиско и трудово право распореден преку 35 години работно искуство и овозможува ефикасно да се носи со нејзините различни задачи и е одговорна за формирање на целиот тим.

Таа  во  своето  долгодишно  искуство   во   дејноста   со галопирачки  развој,  покрај  воведување  на  најнови   технологии  и  соверемени  услови за  работа  во  сопствениот  простор,  постигна  низа   успеси,   кои  се  темелат  на тимска  работа  со  заедничка  цел  и  ентузијазам   како  и  заедничка  одговорност,   на   своите клиенти  и  соработници  им  дава  чуство  на  сигурност  и  љубов  кон  работата.

КАУНТ од 2011 година е првата фирма во Република Македонија која  се   истакнува   по   индивидуалениот пристап  и  квалитет  со сметководствен аутсорсиг услуги за своите клиенти.

Овозможувајќи комплетен  сервис  и   поддршка  за  непречено извршување  во  бизнис  активности   на  претприемачите,   позицијата  на  КАУНТ  се  повеќе  се зајакнува,  а  бидејќи  пазарот  на  услугите  е  проширен,  се  очекува  зголемување  на  деловните активности  во  областа  на   даночен  консалтинг, сметководствен аутсорсинг услуги и  едукација.

Тимот во КАУНТ е составен од врвни професионалци  во својата област со долгодишно искуство, лојални, посветени и подготвени за обезбедување на квалитетни услуги согласно позитивните законски прописи и строго почитување на етичките правила прецизирани со Етичкиот кодес на IFAC

Долгодишното искуство на нашиот тим градено низ професионална едукација и реална бизнис средина е од областа на даночната  регулатива,  практични  знаења  и  вештини   за  исправно толкување  и  примена  на даночната регулатива,  како  предуслов  за ефикасен  даночен  консалтинг и идентификување на  даночните ризици  во  бизнисот  и  стратегии  за   управување  со  даночен ризик, како и меѓународните сметководствени стандарди ( МСФИ и МСФИ за МСЕ), трговското право, облигациите, работните односи итн.

КАУНТ, доста често е ангажирана како интерна ревизија и  експерт во откривањето на злоупотреба или погрешна примена на законските даночни прописи од страна на вработените во една компанија, или погрешно утврдена фактичка состојба и задолжување со данок од страна на инспекциските органи и нивно докажување пред надлежните институции во исправноста односно побивање на утврдената фактичка состојба и задолжување на данок.

Наши клиенти се физички лица, самостојни вршители на дејност, микро, мали и средни субјекти, како и здруженија на граѓани. Нивниот успех и долгогодишната соработка со КАУНТ е изградена на професионалност, квалитет и доверливост, како и решавањето на даночните проблеми во најкраток можен рок