За Каунт
Друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ Скопје, веќе две децении е лидер во обезбедување на даночни, сметководствени, финансиски и правни услуги на мали и средни субјекти

Поставете прашање

Зачленете се и искористете три бесплатни совети за вашиот бизнис

Повеќе

01.10.2014 13:54:46

Управување со даночен ризик


Дали вреди да го изгубите стекнатиот имот!!!!

 Најмногу се ризикува, кога воопшто не се ризикувa.

Остварениот профит во бизнисот зависи од преземените ризици во деловните трансакции. Меѓутоа, со цел да се профитира, компаниите мора да го проценат нивниот апетит на ризикот, која може да ја одреди оптималната рамнотежа меѓу ризиците и можностите. Некои сметаат дека ризиците се поврзани и со данокот. За многу компаниите кои предизвикот за да се воспостави вистинската рамнотежа помеѓу ризикот и можностите има суштинско значење, мора да научат стратешки да управуваат со даночен ризик.

Како резултат во бизнис скандали во последно време, во светот драматично се промени и управувањето со ризикот во сите области и се искачи на врвот на агендата на повеќето организации. Постојано расте свесата дека управувањето со ризикот, е особено добра внатрешна процедура за контрола и се повеќе добива големо значење и важност.

Се повеќе, сопственици на мали и средни бизниси, признаваат дека данокот е област со свој единствен профил на ризик и почнауваат да бараат решение како да го минимизираат даночниот , следејќи ги поднесените даночни пријави и финансиски извештаи.

Управувањето со даночен ризик пред се треба да се насочи кон изготвување на рамка, која на компанијата ќе и овозможи да:

» Го идентификува даночниот ризик;
» Превземе соодветни мерки и постави граници на даночен ризик;
» Следење и управување со даночиот ризик и
» Комуникација за даночен ризик со стручни лица;

Како можеме да ви помогнеме:

е докажан лидер во проценка на даночен ризик, и на бројни клиенти помогна успешно да се процени даночниот ризик и спроведат програма за управување со даночен ризик на одржливо ниво. Со нашиот даночен консалтинг и управување со даночниот ризик, можеме да им помогнеме на компаниите во развивањето на 

флексибилни, фокусирани, практични и сеопфатна методогија за да создадат даночна рамка за управување со ризик на одржливо ниво во развојот на регулаторната средина.

Твојата репутација не вреди да се ризикува.