18.9.2014 10:36:24
FAQ
Овде може да најдете одговори на голем број прашања кои често се поставуваат во врска со нејсани законски одредби. Доколку не можете да пронајдете одговор на вашето прашање овде, контактирајте го тимот на КАУНТ.
Прашање: Јас сум пензионер и во месец Април 2015 година со фирма имам склучено договор за дело која ми исплати износ од 15.000 денари. Дали треба да поднесам пријава до Фондот за ПИОМ и кој поднесува месечен извештај до УЈП?
Одговор: Обврска за поднесување на пријава до Фондот за ПИОМ имаат само физичките лица кои оствриле приходи врз основа на договор за дело, авторски договор или друг договор на пропишаниот НЕТО износ на месечно ниво (9.590, односно 21.588 денари). До колку лицето остварува во збир помал износ од минималниот износ кој го пропишал Законот не се обврзани да поднесат пријава.
МИ-Д/ИН извештај поднесува исплатувачот (фирмата) независно од исплатениот износ на договор за дело, авторскиот договор или друг договор, односно независно дали обврзник за плаќање на придонесите е исплатувачот или физичкото лице примател на парите.
--------------------------------------------------------------------------------------------------
Прашање: Јас сум вработен во банка на шалтер, а имам и своја фирма во која сум и управител. Од својата фирма имам исплатено надомест по основ на договор за дело. Дали мојата фирма има обврска да пресмета и плати придонеси за исплатениот надомест?
Одоговор: Правното лице – исплатувач е обврзник за пресметка и уплата на придонесите за лице кое остварува приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа кое е во работен однос кај него или кај друго правно лице кое има сопственичка, организациска или управувача поврзаност со работодавачот.
Сопственичка, организациска и/или управувачка поврзаност се однесува на лицата кои имаат примања од работен однос и истовремено имаат примања по договор од правно лице - работодавач или од друго правно лице кое има поврзаност со работодавачот, односно доколку едното правно лице има учество во капиталот на другото правно лице (независно од висината на процентуалното учество во капиталот); едното правно лице е основа од страна на друго правно лице; две правни лица се основани од ист субјект; две правни лица имаат ист управител; едно правно лице има директна или индиректна контрола врз управувањето на другото правно лице.