01.10.2014 13:53:10
Даночен консалтинг
Нејасните даночни закони, неинформираноста и/или погрешното толкување претставува погрешна примена на даночните прописи во деловните книги кај даночните обврзници и е потенцијален извор за избегнување на данокот или даночно затајување.
Во фискалната теорија и практика, за означувaње на одбегнување на плаќањето на данок, најчесто се користи терминот Даночна евазија.
Даночната евазија претставува избегнување на плаќање на данок преку кршење на даночните закони. Кај даночната евазија даночниот обврзник - даночен евадер, презема противзаконски дејствија со цел целосно или делумно избегнување на даночната обврска. Се јавува во два облика: |
дефраудација - даночно затајување (кај непосредните, дирекните даноци)
и криумчарење - контрабанда, шверц(кај посредните, индиректни даноци: ДДВ, акцизите и царините).
Со оглед на постојаните измени и дополнувања на обемната законска регулатива, со постојано следење и примена на истите, ќе ги избегнете можните несакани последици.
Поради тоа, нашите даночни консултанти можат да ви помогнат да ги усогласите даноците во вашите деловни книги со најновите измени и ќе ви обезбедат да најдете ефикасен пристап за да ги идентификувате даночните ризици во вашиот бизнис и стратегии за управување со даночен ризик. Нашите советници имаат големо познавање во даночната регулатива, значително искуство и практични знаења за исправно толкување и примена на законските прописи од областа на финансиите и правото, како предуслов за ефикасен даночен консалтинг.
Која е нашата предност?
За разлика од другите, ние не даваме усни совети, бидејќи овој тип на услуги не е секогаш сигурен дали добро сме ве разбрале или дали вие добро сте не разбрале постапувајќи по нашите сугестии. Поради тоа, сметаме дека писмена форма е најверодостојна во овој вид на комуникација и давање на услуги.
Можете да ни поставите прашања од сите даночни прописи, а посебно од:
Данок на доход - кои трошоци претставуваат признати трошоци за вршење на дејноста, а кога истите трошоци ви се даночно непризнати трошоци, која пропратна документација е доказ дека евидентираните трошоци се за вршење на дејноста, намалување на данокот на доход преку реинвестирана добивка, даночни олеснувања, како и можните алтернативи за намалување на данокотот на доход и месечните аконтации;
ДДВ - право на одбивка на влезниот ДДВ, како да го искористите правото на одбивка при набавка на движен и недвижен имот или добра од извршител, како да го искористите правото на одбивка при инвестициско вложување во недвижен имот под закуп, настанување на даночен долг, исправна фактура и други документи со важност на фактурата, доставување на електронска фактура, рок за изготвување и доставување на фактура, авансни уплати, аванси и конечни фактури, исправна примена на член 32-а, повраќај на ДДВ, продажба по пониски цени, трансферните цени – трансакции со поврзани лица, даночен третман кај промет со станови, физички лица/граѓани ДДВ обврзници и др.
Трансакции со нерезидентите - трансакции со нерезиденти физички и правни лица
Данок на личен доход - на кои примања се плаќа, а на кои не се плаќа данок на доход, утврдување на даночна основа, на кои примања се плаќа месечна аконтација, кои се даночно непризнати расходи кај лицата што остваруваат приходи од самостојна дејност, како се утврдува капитална добивка и др.
Данок на доход на граѓаните - кои приходи се оданочуваат, за кои приходи се поднесува, а за кои не се поднесува аконтативна пријава во УЈП, пријавување односно поднесување на ПДД-ГДП до УЈП, стапки по видови на услуги и др.
Закон за работни односи и колективните договори - правата на вработените и обврските на работодавачите, како законски се врши пресметка на плата, дали минат труд треба да биде вклучен во пресметката на плата и на која основица се пресметува, како се пресметува прекувремена работа, работа во неработен ден и/или државен празник, ноќна работа, кои правилници и акти треба да ги имате согласно законската регулатива и др.
Канцелариско и архивско работење - дали имате или немате законска обврска да водите деловодник, како и колку време треба да го чувате архивскиот материјал и кои закони го регулираат времето на чување на архивскиот материјал.
Даночно и деловно советување во врска со спојувања и превземања
Трансферни цени
Основање, реструктуирање и ликвидација на правни лица
Консултации во врска со недвижниот имот и градежништвото
Ако планирате каква било инвестиција во постоечка или нова компанија, ве молиме контактирајте со нас со доверба за да ги видите опциите за даночно олеснување, но исто така и проблеми кои можат да се појават за време на процесот на инвестирање.
Ги издвојуваме најчесто поставуваните прашања:
Дали правните субјекти задолжително треба да имаат усвоено сметководствени политики?
Дали правните субјекти задолжително треба да прават попис на средствата, обврските и побарувањата?
Кога и за кој промет физичко лице/граѓанин има законска обврска да се регистрира за целите на ДДВ?
Нашиот тим за упраување со даночни ризици може да ви помогне да ги решите проблемите во вашата деловна активност пред да се појават и да воспостават оперативни заштитни мерки од потенцијален ризик.
Можеме да ви помогнеме да го идентификувате, процените и управувате ризикот поврзан со даноците, како и да развивате контроли и управување.
Ангажман за наша проценка на даночен ризик вклучува спроведување на темелна даночна ревизија на документацијата, разговор и тестирање на вашите вработени. За резултатите од извршената проценка се изготвува писмен извештај за нашите наоди и препораки.
Ваквите ангажмани овозможуваат решавање на вашите потреби од:
» Идентификација на даночните ризици, неефикасни сметководствени практики предизвикани од недостиг на знаење во врска со исправна примена на најновите измени во даночните закони,
» Усогласување на вашето даночно сметководство со законските барања и
» Намалување на вашите даночни трошоци и дефинирање на релевантните даночни прашања за вашиот бизнис да успее.
Наш принцип на работа е следниот:
Даночен консалтинг Одговор без надомест за три поставувени прашања Годишна претплата за on-line даночен консалтинг по цена од 7.250 ден. и учество на нашите организирани обуки и советувања |
Проценка на даночен ризик
Вие доставувате барање за ангажман за проценка на даночен ризик;
Ние ви доставуваме договор за ангажманот и про/фактура за 50% плаќање однапред
Извештајот ви го доставуваме во писмена и електронска форма во рок од пет дена од денот на извршената анализа и проценка.
Успехот ви е загарантиран ако постапите по нашите препораки.
Контактирајте за да дознаете како можеме да помогнеме.
Ако мислите дека во вашето деловно работење никогаш нема да се случи да платите казна, тогаш нема шанса го преземете она што е неопходно за да битете сигурни – даночен консалтинг и проценка на даночен ризик.