02.10.2014 09:57:10
Учество во завршни разговори, Жалби и утврдување на фактичка состојба
Поради нискиот степен на даночната свест, не едуцираност, не информираност за законските обврски на даночните обврзници, како и ангажирање на нестручни лица и непрофесионални сметководители, несвесно стануваат дел од финансискиот криминал.
Непрофесионален сметководител е лице со “Уверение“ за Сметководител или Овластен сметководител без соодветна диплома и работно искуство, или пензиониран сметководител кој Ви ги води деловните книги, а во негово име се потпишува Сметководител или Овластен сметководител со “Уверение“ (јасно Ви е кој би прифатил таква одговорност), или не информиран и не едуциран Сметководител или Овластен сметководител со “Уверание“ меѓутоа поради малите приходи од вршење на сметководствени услуги (премногу ниски цени, а преголема одговорност) не е во можност да плати за континуирано усовршување и надградба на своето знаење, поради што и прави катастрофални гршки или пропусти кои потоа се рефлектираат кај даночниот обврзник. |
Управата за јавни приходи, при надворешни контроли, многу често открива даночни затајувања и даночни измами, меѓутоа, исто така, не ретко сме сведоци дека констатираниот наод од надворешната контрола е врз основа на нереална или нецелосна утврдена фактичка состојба, за што даночниот обврзник не е ни свесен. Ваквите наоди се резултат на даночната неписменост на обврзникот, вработување на нестручни лица и ангажирање на непрофесионален сметководител, не информираност за законски исправна документација и немање на соодветна пропратна документација, погрешна пресметка и исплата на плати, немање соодветни договори, погрешно евидентирање на залихите во материјалната евиденција, погрешно или нецелосно или не правење на попис на средствата и залихите, евидентирање на погрешни сметки во деловните книги и др.
Според тоа, а доколку имате надворешна контрола која има констатирно наод врз основа на погрешно или нецелосна утврдена фактичка состојба, ЈАВЕТЕ СЕ ПРЕД ЗАВРШНИОТ РАЗГОВОР, НИЕ МОЖЕ САМО ДА ВИ ПОМОГНЕМЕ.
Нашата еспертиза и искуство се потврдени со висока стапка на успех при утврдување на фактичката состојба на законската исправност во деловните книги, учество на завршен разговор, поднесување Жалби и побивање на погрешни наоди од страна на надвошрените контроли. |
Ние Ви нудиме доверлива услуга која дава резултати, со преработување и усогласување на сметководствена евиденција за контролираниот период со законските прописи од даночната сфера и утврдување на реалната фактичката состојба.
Нашиот тим е составен од професионалци со експертски способности и долгогодишно искуство во утврдувањето и докажувањето на “не-затајување на данок“, од причини што некои даночни инспектори сметаат дека секаков вид на пропуст или ненамерна грешка во искажувањето на податоците во даночните пријави преставува даночно затајување ќе Ве задолжи да платите данок (ДДВ, данок на личен доход и данок на доход) и изрече глоба, односно парична казна.
За да го сведете ризикот на минимум од плаќање даноци и за да ги избегнете непотребните проблеми со даночните инспектори Ви нудиме Топ поврзани совети за законските обврски за водење на деловните книги, а воедно на Вашиот сметководител ќе му овозможите да искаже точни податоци во Вашите даночни пријави и финансиски извештаи. |