01.10.2014 13:56:24
Правни услуги
Соработката со Каунт, е услов за добивање брзи и професионални услуги, специјализирани во Корпоративното Право.
Искористи ја можноста електронско основање (регистрирање) на фирма во Централниот регистар на РМ преку овластен регистрационен агенет БЕЗ НАДОМЕСТ, губење време и нотарски трошоци. М-р Билјана Патлиџановска е овластен регистрационен агент во КАУНТ |
Професионалниот пристап во работењето и практични решенија кои ги нуди КАУНТ во соработка со надворешни консултанти, адвокати, проценувачи, експерти во своите области, на своите клиенти им обезбедува висококвалитетни и брзи услуги
Во време на брзи промени и предизвици, не ретко ни се случува да бидеме повредени или да ни биде оневозможено да оствариме одредено право.
Само едн мал сегмент:
Оставување на права на основачите (содружници/акционери) во постапка за престанок на трговско друштво, како поради погрешно толкување на законски одредби наместо добивка основачите (содружници или акционери) можат да трпат штетни последици само врз основа на непостапување по правни дела кои со закон се допуштени.
Дали знаете, отстапување на удел при промена на основач помеѓу две физички лица, се плаќа персонален данок на доход?
Дали до сега сте платиле данок, поради одредени пропусти при склучување на договори?
КАУНТ на своите клиенти им обезбедува целосна поддршка во решавање на проблемте во текот на нивното деловно работење, со обебедување на професионална дискреција и доверба.
|
» Пресметка на плата и кадровска евиденција, согласно релевантните законски прописи
Работникот има право на заработувачка – плата, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување. Платата е составена од основна плата (фиксен загарантиран дел), дел од плата за работна успешност (награда, како стимулативен, веријабилен дел и додатоци (пропишани за посебни услови при работа) и задолжително се зголемува за 0,5% за секоја година работен стаж, а најмногу до 20% (минат труд). Плаќањето на работата по договорот за вработување мора да биде секогаш во парична форма со уплата на трансакциска сметка во деловните банки. При исплатата, работодавачот мора да го почитува најнискиот износ определен со колективен договор, во согласност со закон, кој непосредно го обврзува работодавачот.
Според тоа, секој правен субјект треба да има усвоено правилници и/или интерни акти (зависно од големината на субјектот) за пресметка на плата.
» Регистрации и поднесување на пријави во врска со основање на друштва, разни организациони промени од корпоративна природа.
Електронско основање (регистрирање) на фирма во Централен регистар на РМ е без надомест – бесплатно, со услов фирмата да склучи договор за извршување на сметководствени работи.
» Пријавување на вработени, Договор за вработување, регистрирање на ДДВ обврзник, отварање на трансакциски сметки во деловни банки, вадење код за идентификација од УЈП и други работи за отпочнување со работа на ново регистриран правен субјект
» Изготвување на правилници и поединечни акти и одлуки
» Изготвување на договори по разни основи (купопродажба, заем, закуп и др.) Спогодби, Решенија, Изјави и др.
» Дозвола за привремен престој на странец заради вработување, работа или на самостојно вработени лица
» Ликвидација и стечајни постапки
Ви благодариме на Вашиот интерес и се надеваме на плодна соработка
Бидете постојано свесни за вашите постапки и за изборите што секојдневно ги правите! Бидејќи, како што постојат награди, постојат и казни со фатални последици.