За Каунт
Друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ Скопје, веќе две децении е лидер во обезбедување на даночни, сметководствени, финансиски и правни услуги на мали и средни субјекти

Поставете прашање

Зачленете се и искористете три бесплатни совети за вашиот бизнис

Повеќе

17.10.2014 14:03:51

Остварување на правата на основачите (содружници/акционери) во постапка за престанок на трговско друштво


Основањето, работењето и престанокот на трговските друштва во Република Македонија е регулирано со Законот за трговските друштва. Со наведениот закон исто така е регулирано и основањето и престанокот на физичко лице трговец поединец .

Заеднички задолжителен услов за сите трговски друштва вклучувајќи го и трговецот поединец е стекнувањето со правниот субјективитет а тоа соглано наведениот закон е уписот во трговскиот регистар кој се води во Централниот регистар на Република Македонија.

Во зависност од вољата на основачите на трговското друштво, истото може да биде основано за определен рок или доколку во актот или договор за основање не е внесен таков рок се смета дека друштвото се основа за неопределено време.
За престанокот на друштвото исто како и за негово основање, основачите може да се договорат при донесување на актот за неговото основање и да внесат такви одредби во актот со кој се основа друштвото и за престанок на друштвото.
Друштвото престанува со бришење од трговскиот регистар по предходно спроведена соодветна постапка за ликвидација или спроведена стечајна постапка. Одредбите за ликвидација на трговските друштва се исто така содржани во посебна глава единаесет во Законот за трговските друштва. Со членот 538 од наведениот закон е определен поимот на ликвидација на друштвото. Од содржината на таа одредба произлегува дека доколку не се отвори стечајна постапка над друштвото, за почеток на ликвидацијата е потребно да се донесе одлука за престанување на друштвото и спроведување на ликвидација што значи дека ова се двете најсуштествени одлуки без чие донесување не е можно почеток и спроведување на постапката за ликвидација. Понатаму е определено дека доколку со одредбите на законот или од целта на ликвидацијата не произлегува нешто друго, до завршување на постапката на ликвидација се применуваат одредбите од овој закон што важат за друштвата што не престанале.

Престанокот на друштвата со ликвидација претполага тие да имаат доволно средства од кои ќе се формира ликвидациона маса која ќе биде доволна за намирување на сите доверители. Доколку во текот на постапката се утврди дека износот на средствата од ликвидационата маса се надоволни за намирување на сите доверители во целосен износ постапката за ликвидација се запира и се поднесува предлог за отворање на стечајна постапка над друштвото пред надлежниот суд од страна на ликвидаторт. Стечајната постапка за разлика од постапката за извршување е постапка за колективно но процентуално намирување на доверителите односно се намируваат доверителите со утврдени побарувања но не во износот кој им е утврден со решението туку процентуално во однос на големината на нивните побарувања и големината на стечајната маса. Доколку во стечајната постапка се обезбедат доволно средства со кои ќе се намират сите доверители во полни износ и по обата исплатни редови а е преостанат имот или средства кои не се распределени истите се распределуваат на основачите содружници/ акционери.

Од сето наведено произлегува дека и во обата слиучаи без оглед на тоа дали се работи за постапка за ликвидација или за стечајна постапка основачите не ги губат сите права кои им припаѓаат по основ на удели или акции.
Ова особено е важно и во стечајната постапка каде доколку е предложен план за реорганизација на стечајниот должник,примерок од истиот мора да се достави до преставник на акционерите/содружници затоа што со предложениот план можно е да се повредат или нарушат правата на акционерите/содружниците.
Меѓутоа во примената во пракса при спроведување на една од овие постапки а особено кај спроведувањето на стечајната постапка се појавуваат недоразбирања или погрешна примена на овие одредби. Во првиот случај се работи за предходно закажано Собрание на акционери а во меѓувреме е поведена предходна постапка за утврдување на услови за отворање на стечајна постапка. Согласно одредбите од Законот за стечај, во предходната постапка се ограничуваат правата на органите на управување на друштвото и се определуваат мерки за обезбедување со кои се забранува оттуѓување или оптоварување на имотот на должникот се додека трае предходната постапка, но со ниедна одедба законот не ги ограничува правата на основачите акционери/содружници доколку тие не носат одлуки со кои би влијаеле на намалување или оптоварување на имотот на трговското друштво. Меѓутоа одлуката донесена во определена процедура и која не се однесува на оттуѓување или оптоварување на имотот на друштвото, туку на промени во органите на Собранието на акционери Централниот регистар одбил да ја запише, со образложение дека е поведена предходна постапка и е именуван привремен стечаен управник.

Во овој случај воопшто е неизвесно дали по завршување на предходната постапка ќе се отвори стечајна постапка затоа што во меѓувреме можат да настанат околности за престанок на условите за отворање на стечајна постапка или превземање на долг од трето лице. Во овој случај регистерот прејудицира исход на постапка без притоа да има овластување тоа да го чини ниту пак релевантна одлука од судот пред кого се води постапката за утврдување на услови за отворање на стечајна постапка над должникот. Во вториот сличај се работи за веќе отворена стечајна постапка каде вработените се содружници согласно одлуката за основање на друштвото. Во овој случај исто така Централниот регистар одбил да запише промена на содружник кој својот удел со договор го пренел на друг содружник согласно одредбите за основање на друштвото.

Поради ова одбивање на упис на промена, на содружникот кој го пренел побарувањето на друг, му е укинат паричен надомест во случај на невработеност по основ на престанок на друштвото со образложение дека поседува удел во друштво. На овој начин на поранешниот содружник му е нанесена штета со оглед на тоа дека поради непостапување на упис на промена изгубил право кое по закон му припаѓа. Во овој случај кога е јасно дека по отворена стечајна постапка е донесена одлука за престанок на деловниот субјект и за претворање на имотот на должникот во стечајна маса а проценетата вредност на имотот е значително помала од вкупно утврдените обврски нереално е да се очекува да бидат исплатени сите доверители во полн износ по сите исплатни редови и да остане нераспределен имот кој би им припаднал на содружниците согласно големината на нивните удели. Исто така додека трае стечајната постапка содружникот не може добива дивиденда од работење на друштвото со оглед дека нема деловен потфат за кого веќе е донесена одлука од надлежен орган на стечајната постапка за ликвидација на потфатот и впаричување на имотот. На овој начин директно е оштетен содружникот поради непостапување на Централниот регистар. Секако дека во праксата има повеќе вакви состојби но пред ова е само едн мал сегмент како поради погрешно толкување на закнски одредби наместо добивка основачите (содружници или акционери) можат да трпат штетни последици само врз основа на непостапување по правни дела кои со закон се допуштени.