18.9.2014 10:39:06
Тим
Синергијата на тимот е мотивирачка сила за сигурен успех на компаниите
Камен-темелник на нашиот успех е заложбата да понудиме врвни услуги и перманентна експертиза согласно законската регулатива, која е прилагодена согласно потребите на клиентите. Се трудиме да го зголемиме и одржиме бројот на клиенти кои умеат да ја вреднуваат нашата посветеност кон професионалноста, квалитетот и доверливоста. Високите стандарди, супериорната услуга и стручниот персонал се главните елементи кои ги прават нашите перформанси извонредни и по кои се одвојуваме од останатите. Со синергија, експертиза и искуството на тимот секој клиент добива соодветен третман |
Компанијата се одликува по висококвалитетни услуги кои се разултат на нашата заложба за квалитет. За нас, постојаната едукација е од исклучителна важност за да осигураме контрола на квалитетот во извршувањето на професионалните услуги, а со цел да ја подобриме нашата техничка експертиза и знаење.
Изградивме посебна стратегија со високо ниво на доверливост поради карактерот на податоците со кои располагаме и кои налагаат одржување на високи етички стандарди во работењето на компанијата.
Нејзиното спроведување овозможува квалитет, заштита и тајност на податоци и обезбедува непречен и успешен развој на клиентите.
„Вие заслужувате квалитетна поддршка од искусен и професионален сметководител и даночен советник на кој можете да му верувате“
Управител - Светлана Јовановска
Постигнатите низа успеси на компанијата се темелат на тимската работа со заедничка цел и ентузијазам, како и заедничка одговорност. Со ваквиот пристап на стручниот тим, на нашите соработници комплетно им е обезбедено чувството на сигурност.
Тимот е составен од стручни и професионални лица во својата област со долгогодишно искуство градено низ професионална едукација и реална бизнис средина, лојални, посветени и подготвени да одговорат на барањата и потребите на клиентите.
Со комбинирање на нашата експертиза, искуство и енергија се обезбедува високо ниво на стручност и професионалност во работењето каде секој член на тимот е целосно посветен на својата професионална надградба и едукација, а секој клиент добива одделно и професионално внимание.
М-р Симонида Георгиевска – раководител на сектор за финансиски и сметководствени работи
М-р Симонида Георгиевска е овластен сметководител и лиценцирано вешто лице од областа на материјално, сметководствено и финансиско работење. По завршувањето на додипломските студии при Економскиот факултет - насока „Деловна економија и организациони науки – Финансии“, поради желбата за надградба на своето знаење во областа на економијата, продолжува на постдипломскиот студиум на Факултетот за економски науки при УТМС во Скопје. По положувањето на сите предвидени испити, согласно методологијата, пријавува магистерски труд на тема – „Хармонизација на финансиското известување во Република Македонија базирано на МСФИ и МСФИ за МСЕ“ по предметот „Макро, Мезо и Микро-економија“, со што се стекнува со образовниот степен – магистер по економија. |
М-р. Симонида Георгиевска своето континуирано и професионално усовршување го надополнува со следење и активно учество на повеќе сертификувани обуки, работилници, стручни и научни конференции и семинари.
М-р Симонида Георгиевска од 2011 год е активен стејкхолдер во процесот на хармонизација и стандардизација на финансиското известување во Република Северна Македонија преку активности на опсервација, активно учество, анализа, публикации на научни трудови на меѓународни конференции и слично. Самостојно и во соработка со останати експерти одржува многубројни едукации од областа на финансиското известување.
Своите претприемачки активности ги започнува со сопствен бизнис во 1999 година со основање на друштвото за даночен консалтинг и сметководство „КАУНТ ДООЕЛ Скопје“ и е лидер во обезбедување на даночни, сметководствени, финансиски и правни услуги за мали и средни субјекти.
Од 2015 година во соработка со Бизнис центарот за тренинг и обуки при Стопанската комора на Република Северна Македонија во Скопје реализира обуки за возрасни, квалификација и доквалификација на Службеник во книговодство, согласно програмата верифицирана од страна на МОН.
Поседува високо ниво на организациски вештини и способности и е личност која ја карактеризираат одлучност и упорност како и умешност за превземање лична иницијатива и наоѓање нови пристапи и креативни решенија на проблемите. Инспиративно влијае кај другите луѓе, има способност за создавање на конструктивна енергија и ентузијазам при работа во група како и продуктивно надминување на комуникациските бариери и конструктивно решавање на конфликтни ситуации.
Косопственик е и на друштвото за вештачење и консалтинг Форезик Груп.
М-р Билјана Патлиџанковска – раководител на сектор за организациски работи
М-р Билјана Патлиџановска е овластен сметководител и овластен регистрационен агент за упис на основање на фирми во Централниот регистар на РМ. По завршувањето на додипломските студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје, поради желбата за надградба на своето знаење од областа на економијата, продолжува на постдипломскиот студиум на Факултетот за економски науки при УТМС во Скопје. По положувањето на сите предвидени испити согласно методологијата, пријавува магистерски труд на тема – „Е-бизнис комуникација – движечка сила во бизнисот на 21-от век“, со акцент на проектот Интероперабилност н |
на Министерството за информатичко општество и администрација, односно нагласување на бенифициите од меѓусебното поврзување и користење на регистрите и базите на податоци меѓу државните органи и институциите, со посебен осврт на УЈП, ЦРРСМ, АВРСМ и ИСОС
За дополнување на своето знаење и усовршување на професионалниот развој, вклучена е во голем број проекти, обуки, советувања, научни конференции, семинари и работнилници.
Согласно својата експертиза, советодавно е вклучена при изготвувањето на материјалите за интерна употреба на компаниите од областа на благајничкото, канцелариското, архивското работење и деловната коресподенција.
Исто така, м-р Билјана Патлиџанковска е предавач на многубројни екстензивни обуки од областа на организациските промени и практично искуство во организациски промени (водење оперативни тимови).
Здравка Вељаноска – сметководител
Г-ѓа Здравка Миличинска има над 20 години професионално искуство во областа на сметководството и финансиите. Дел од КАУНТ е од самото основање на друштвото. Нејзината специјалност и експертиза е од областа на сметководството, производство, градежништвото и меѓународниот транспорт. Со своето долгогодишно искуство градено низ професионални едукации и реална бизнис средина, станува експерт за данокот на додадена вредност и данок на личен доход. Своето контиунирано и професионално усовршување го надополнува со следење на голем број обуки, работилници и советувања. Во работата се стреми кон совршенство, со ентузијастички пристап кон секоја задача. |
Дисциплинирана, лојална и секогаш подготвена за прифаќање одговорност, приспособување на работата со времето и целосно посветена на работата.
Љубинка Трендова – службеник во книговодство
Г-ѓа Љубинка Трендова има над 3 години професионално искуство под менторство на ОС во областа на сметководството и финансиите. По завршување на верификуваните обуки во организација на АВРМ и Бизнис центарот за едукација при Стопанската комора на Македонија, нејзина специјалност е насочена кон меѓународниот транспорт и услужните дености. Своето повеќегодишно искуство го стекнува низ професионални едукации и реална бизнис средина. Целосно е посветена на својата професионална надградба и едукација, контиунирано следење на повеќе обуки, работилници и советувања. |
Се карактеризира со желба и стремеж за професионална надградба на своето знаење од областа на сметководството.
Ирена Илиевска – овластен смеководител
|
Г-ѓа Ирена Илиевска има повеќе од 15 години професионално работно искуство во областа на сметководството и финансиите. Нејзината специјалност опфака широк спектар од областа на сметководството почнувајки од материјално сметководство, производство, трговија на големо и мало, градежништво, самостојни вршители на дејност и непрофитни здруженија. Во своето долгогодишно искуство се јавува како потписник на повеќе завршни сметки, како и на неколку консолидирани завршни сметки и станува експерт за данокот на добивка. Во својот образовен развој има стекнато знаења во областа работа со повеќе електронски апликации како што се: УЈП, ЦРМ, АВРМ, ФЗО и НБРМ.
|
Своето контиунирано и професионално усовршување го надополнува со следење на повеќе обуки, работилници и советувања.
Поседува високо ниво на вештини и способности во областа на сметководството и финансиите и е личност која ја карактеризираат прецизноста и деталноста во работата.
Димитар Ганчевски - овластен сметководител
Г-дин Димитар Ганчевски завршува додипломски студии на Економски Факултет Прилеп при Универзитет Св.Климент Охридски во 2000г. на насоката - Меѓународна Економија. Поседува лиценца за овластен сметководител. Во текот на својата кариера се има здобиено со логистичко искуство. Своите искуства во логистичките процеси како набавката, продажбата и шпедицијата ги користи во секојдневното работење на сметководствени задачи. Има посетувано работилници и семинари од полето на основно и напредно сметководство. |
Посветено работи на поставените задачи и ги запазува временските рокови за исполнување на истите. Колегијален, дисциплиниран, секогаш насочен кон потребите на клиентите и давање на нивна логистичка помош од секаков вид стои на нивно располагање во секој момент.
Иван Јаневски – Дипломиран Правник
Г-дин Иван Јаневски, дипломиран правник на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје во 2013 година, насока - правни науки. Поради надградување на знаењето продолжува со постдипломски студии и во 2015 година успешно го брани магистерскиот труд и се стекнува со титула Магистер по правни науки. Успешно го положува својот правосуден испит во 2017 година спроведен од страна на Министерството за правда на Република Северна Македонија. М-р Иван Јаневски е правен консултант и одговорен во делот за работни односи и човечки ресурси во Друштвото за даночен консалтинг и сметководство Каунт. |
Основните одговорности на неговото работно место опфаќаат пресметка на плати за сите вработени во компаниите со кои имаме склучено договори за кадровска логистика соглазно ЗРО, КД и актите на работодавачот. Неговите работни задолженија вклучуваат и активности поврзани со договорите за вработување, советодавно делува во соработка со менаџментот при изготвување на интерни акти на компаниите кои се задолжителни согласно ОКД и ЗРО.
Покрај работното искуство како правен консултант има долгогодишно работно искуство и како адвокатски стручен соработник, судско практицирање во областа на работните спорови и искуство во невладиниот сектор. Има посетено и активно учестува во голем број на обуки од областа на работните односи.
Одговорен во својата работа и секогаш се стреми кон целите на друштвото Каунт, односно професионалноста, експертска поддршка, доверба и стручен совет.