За Каунт
Друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ Скопје, веќе две децении е лидер во обезбедување на даночни, сметководствени, финансиски и правни услуги на мали и средни субјекти

Поставете прашање

Зачленете се и искористете три бесплатни совети за вашиот бизнис

Повеќе

20.10.2014 13:58:45

Топ совети од нашиот тим


Вие како менаџер/претпримач задолжително треба да ги знаете вашите законски обврски, а со соодветно обучен кадар и донесени правилници, интерни акти и упатсва за работа за исправна примена на законските прописи, податоците во вашите даночни и финансиски извешати ќе бидат точни и ризикот од непотребно плаќање на даноци и глоби ќе го сведете на минимум.

Законски обврски за сите субјекти (правни и физички лица кои вршат дејност и водат деловни книги)

Да води деловни книги и евиденции заради оданочување, и тоа:

- трговски книги, сметководствени документи, записи и попис, годишна сметка и финансиски извештаи, белешки за приеменети сметководствени политики и др. документи во врска со организацијата;

- деловни писма и кореспонденции;

- сметки за книжење, и/или,

- други документи, доколку истите имаат значење за оданочување.

Книжењата и другите евидентирања:

- треба да се извршат целосно, точно, навремено, веродостојно и уредно. готовинскиот промет треба да се бележи континуирано по редослед на неговото настанување, секојдневно.

- не смее да се менува на начин што првобитната содржина повеќе не може да се утврди, не смее да се вршат измени од такво значење да е неизвесно дали тие се спроведени претходно или дополнително,

Во своите простории да води:

- денарска и девизна благајна, изготвува благајнички извештаи со комплетна документација (каса-прими, каса-исплати, сметки за патни и материјални трошоци со фискални сметки и др.), потпишани и одобрени од овластено лице  и изготвува патни налози за службени патувања согласно законски одредби. Да има донесено   Одлука за благајнички максимум, износот на благајничкиот максимум може во текот на годината да се промени доколку има потреба.

- материјална евиденција на залихите и изготвува пропишани извешати (обрасци) за трговија на големо и мало согласно Законот за трговија и Законот за регистрирање на готовински плаќања.

- аналитичка евиденција за плаќање на обврските спрема доверителите, согласно Законот за финансиска дисциплина,

- канцелариско ахривско работење и да има овластено лице за заштита и чување, односно уништување на архивски материјал кој што нема трајно значење. Повеќето законски прописи го уредуваат ова прашање на ист или сличен начин и тоа од 5, 10 години и трајно чување, бидејќи непочитувањето на пропишаните рокови  законите го санкционираат како прекршок кој повлекува глоби и прекршочни санкции  за правни и за одговорните лица во правните лица, како и забрана за вршење дејност.

Да обезбеди оргинална законски оформена документација (влезни/излени фактури со пропратна документација, договори и др.) на службен јазик  и пред да ги достави во сметководство, да изврши контрола и ликвидација, или да има  овластено лице кое ќе биде одговорно за обезбедување на оргинлна законски оформена документација и контрола на сите или само на одредени видови на сметководствени документи. Овластеното лице мора да биде соодветно обучен и стручен (општо познавање од законските прописи) како би можел да ја контролира законитоста на документацијата и исправно да ги извршува своите работни задачи. 

Доколку се користи фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања, обврзникот е должен:

- преку мрежата на мобилните оператори да обезбедите постојана комуникација со серверот на УЈП;

- да издаде фискална сметка на купувачот во моментот на продавањето и плаќањето на доброто или услугата;

- кога како платежно средство се користат ефективни странски пари во трансакциите со нерезиденти или платежна картичка издадена од странска банка, вкупниот промет се искажува во денари. Апликативната програма врз основа на дневната курсна листа денарите ги претвора во ефективни странски пари и ги искажува на посебна линија на фисклната сметка, додека денарскиот износ се запишува во фискалната меморија,

- на видно место да се постави соопштение со кое го информира купувачот за неговата обврска да бара фискална сметка

- хартиената, односно електронската контролна трака од фискалната сметка да ја чува во објектот пет години од датумот на последната операција,

- за сторна трансакција треба да се приложи фискалната сметка која се сторнира,

- да не издава сметка за сторна трансакција по истекот на 15 минути од издавањето на фисклната сметка во случај на вршење промет на храна и пијалоци во рамките на објектот и обложувалници,

- да води книга за дневни финансиски извештаи (ДФИ)

- да издава парагон блок и води итна сметководствена книга заверена од УЈП врз основа на доставена пријава, во случај на оштетување и ремонт на фискалниот систем на опрема

- да го чува и одржува (сервисира) во исправна состојба фискалниот систем на опрема.

Да донесе/усвои правилници, интерни акти и упатства за работа

Најмалку еднаш годишно да се направи попис на целокупниот имот и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба од попист во деловни книги. Утврдени кусоци кои се на терет на субјектот се оданочуваат со данок на личен доход и се даночно непризнати трошоци.

Не заборавајте дека признати трошоци се само направените и документирани трошоци кои  се за вршење на дејноста, сите други искажани и платени трошоци се оданочуваат со  данок на личен доход и се  даночно  непризнати трошоци.

Подигнати готовински средства (кеш) или префрлени на трансакциска сметка на вработен или сопственик, кои не вратени или раздолжени со фискална сметка до 31.12 се оданочуваат со данок на личен доход и се даночно непризнати трошоци.

Погрешно уплатената даночна обврска на не-соодветната уплатна сметка се смета како неплатен данок и УЈП ќе ви пресмета  камата за ненавремено плаќање на данокот и  постои можност за изрекување на голба  за прекршок поради неизвршена уплата на данокот или уплата која не е извршена на утврдената сметка.

Ако сте ДДВ обврзник:

- фактура се издава на денот  на кој бил извршен прометот, а најдоцна во рок од пет работни дена. Фактурата задолжително треба да ги содржи сите елементи пропишани во член 53 ст. 10 од ЗДДВ.

- ЗА СЕКОЕ АВАНСНО ПЛАЌАЊЕ се издава фактурата во истиот ден кога авансното плаќање е добиено, а најдоцна во рок од пет работни дена.

- Кога се извршува промет кој е ослободен од данокот, во фактурата се наведува “ДДВ не е пресметан согласно член.....став...точка.... од ЗДДВ), а во случаите од член 32-а, во фактурата се наведува “пренесување на даночната обврска во износ од ------------ денари согласно член 32-а од ЗДДВ“

За издадена фактура која не ги содржи сите елементи пропишани од член 53 ст. 10 и непочитување  на  пропишаниот рок за издавање фактура од ЗДДВ, предвидена е  глоба за сторен прекршок.

Проверете ја Вашата адреса во матична евиденција во УЈП, бидејќи управата може да изврши прекинување (дерегистрација) за  данокот на додадена вредност и во случаи кога УЈП даночниот обврзник не може да се најде на пријавената адреса и на адресата за вршење на дејности.

Оданочувањето се темели на податоци од сметководството и од евиденциите, поради тоа до сметководството (без разлика дали е внатрешно или надворешно) да се достави:

- писмено известување за овластено лица за контакти, доставување и превземање на документи,

- за набавените нематеријални и материјални (движен и недвижен имот) писмено да достави рок на траење (употреба) на средството за исправна пресметка на амортизација со име и презиме на задолжено лице и место за каде е наменето средството,

- известување за пријавни побарувања од фирми во ликвидација или стечај, утужени, како и дадени побарувања на присилна наплата кај извршители,

- договори за земени кредити со амортизациони планови за отплата од деловни банки и договори за дадени и/или земени заеми,

- фококопие од сообраќајни дозволи од патнички и товарни возила по секоја нивна регистрација,

- навремено доставување на сметководствената документација со спецификација, со датум и потпис на примил/предал, поради  контрола, ажурно евидентирање во  деловните книги, изготвување на даночни и финансиски извештаи со точни податоци и доставување  во законски пропишани рокови  до надлежните институции,

- писмено известување за извршени деловни трансакции со поврзани лица,

- писмено известување за битните факти за оданочување за направени дејствија кои не се за вршење на дејноста,

- соодветен документ дека услугата е извршена за исплатени средства по договор за дело, авторски договор и сл.

- сите акти и правилници,

- за нејасни, проблематични или одредени дилеми за примена на одредени законски прописи, по писмен пат постави прашање и побра одговор.

- Финансиските и сметководствените документи чувајте ги во законски пропишани рокови

За да бидете сигурени дека деловните книги  се во согласност со законската регулатива, направете интерна ревизија од надворешно стручно лице, бидејќи само добар сметководител може да ви заштеди пари

Обучен кадар

Обезбедете квалитетен и соодветно обучен кадар за канцелариско и архивско работење, административни работи, благајничко работење  и  контрола на законски оформена сметководствена документација и навремено доставување во сметководството.  

Правилници, интерни акти и упаства

Врз основа на член 469 став (5) од Законот за трговски друштва (Службен весник на РМ бр. 28/04....24/11) а во согласност со Правилникот за водење сметководство (Службен весник на РМ 159/09 и 164/10) и Правилникот за дополнување на правилникот за водење сметководство (Службен весник на РМ бр. 107 од 10.08.2011) Одел 10 од МСФИ за МСЕ, секој правен субјект има законска обврска да донесе акт (Правилник или Одлука) за усвоени сметководствени политики со кој   се утврдуваат специфичните начела, основи, ковнеции, правила и пракси кои ќе се применуваат при составувањето и презнетирањето на билансните шеми: Биланс на состојба (Извештај за финансиската состојба), Биланс на успех (Извештај за добивка или загуба).

Прирачникот за сметководствени процедури претставува сеопфатен водич при имплементирање на Меѓународните сметководствени стандарди, даночните прописи, прописите од областа на девизното работење и другата законска регулатива поврзана со деловните трансакции на друштвото.

Прирачникот има за цел да ја прикаже намената на секоја поединечна сметка како и меѓусебната поврзаност (интеракција) со другите сметки во процесот на евидентирање на секој поединечен деловен настан. Поединачните транскации, нивната содржина и опис, состојбата и движењето на средствата, обврските, капиталот, приходите, расходите и резултатите од работењето се прикажани преку редоследот на сметките од Правилникот за сметковен план и содржината на одделните сметки  во сметковниот план во согласност со усвоените Меѓународни сметководствени стандарди за финансиско известување,  Податоците за синтетичките сметки се обезбедуваат на начинот кој одговара на техниката што се применува во водењето на сметководството.

Согласно чл. 473 од ЗТД  и  член 5 од  Правилникот за начинот за вршење на попис на средствата, побарувањата, обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба  утврдена со пописот, сите трговци како и трговец-поединец  имаат обврска најмалку еднаш годишно да направат попис на средствата и обврските и да извршат усогласување на сметководствената  со фактичкат состојба утврдена со пописот. Попис задолжително се прави и во случај на статусни проемни, во случај на ликвидација, стечај и други случаи определени со закон.

Секој трговец со посебен интерен акт (Правилник, Упаство, Одлука) го утврдува начинот на попис кој одговара на специфичностите на неговата дејност и карактеристикитее на средства и обврските кои се предмет на описот, формирање на една или повеќе пописни комисии и изборот соодветните постапки за усогласување на сметководствената со фактичката состојба.

Пописот е единствен начин да се утврдат евентулани пропусти, грешки или кусоци (застарешност, физичко оштетување или кусок на средствата, кало, растур, крш или кусок  на залихите, дупло или не  евидентирани влезни/излезни фактури, застареност на побарувања и обврски и друго), а со усогласувањето на сметководствената со фактичката состојба од пописот  и евидентирање на утврдените разликите од пописот во деловните книги значи објективно презентриање на финансиските извештаи без материјално погрешно прикажување и даночен ризик.

Доколку немате направен попис на крајот од годината, попис ќе направи инспекторот од УЈП при надворешна контрола и по извршено споредување со сметководствената евиденција  на  утврдените разлики  ќе  ве задолжи со сите даноци (ДДВ, данок на личен доход и данок на непризнати трошоци) и  изрече  голба  и прекршочни снакции.

Пресметката на плата и додатоците на плата, за субјектите кои имаат над 50 вработени  се  врши врз основа на  усвоениот Правилник за работни односи и Правилник за внатрешна организација и систематизација на работни места и Договорите за вработување, во согласност со ЗРО и Општиот колективен договор за приватен сектор и важечките грански колективни договори.

Согласно член 19 став 2 од ЗРО,  субјектите кои имаат помалку од 50 вработени немаат обврска да имаат усвоен Правилник за внатрешна организација и систематизација на работни места, доколку истите се дефинирани во Договорот за вработување  или со интерен акт  се регулирани посебните услови за вршење на работа на секое поединечно работно место.