За Каунт
Друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ Скопје, веќе две децении е лидер во обезбедување на даночни, сметководствени, финансиски и правни услуги на мали и средни субјекти

Поставете прашање

Зачленете се и искористете три бесплатни совети за вашиот бизнис

Повеќе

18.11.2014 14:16:28

Бизнис скандали


(ФАКТОР) 26.05.2015 год.

За 6 години од земјава нелегално се изнесени фантастични 3,7 милијарди долари!

За десет години од Македонија на нелегален начин се изнесени 5,2 милијарди долари, што ја позиционира Македонија на 79-то место по сумата на изнесени нелегални средства. Ваквиот податок го отвора прашањето дали македонските надлежните институции имаат ефикасен систем за следење на трансакциите и спречување на перење пари.

Според истражувањето на „Глобал Фајненшал интергрити“  во периодот од 2003 до 2012 година на нелегален начин биле изнесени 5,2 милијарди долари. Ако се анализира по години, податоците покажуваат дека најмногу нелегални пари се изнесени во 2008 година, односно 928 милиони долари, и во 2011 година 852 милиони долари. Во периодот од 2003 заклучно со 2006 година, во просек годишно на нелегален начин биле изнесени околу 365 милиони долари. Годините потоа односно од 2007 до 2012-та година, годишниот просек на нелегално изнесени пари надминува 625 милиони долари, односно околу 3,7 милијарди долари. Вкупната сума за 10 години изнесува 5,212 милијарди

ШВАЈЦАРСКАТА ВЛАТА ПОЧНУВА ДА ГИ ОБЈАВУВА СТРНСКИТЕ ЗАТАЈУВАЧИ НА ДАНОК

Швајцарската Влада почна да ги објавува имињата на странските државјани за кои постои сомнеж дека затајувале данок преку сметките отворени во швајцарските банки. Како причина за овој потег, Швајцарската даночна управа ги наведува барањата на надлежните институции од дургите  земји за помош во истрагите против депонентите во швајцарските банки. Овој потег доаѓа барање на Европската унија. На 21-ви овој месец, Европскиот парламент донесе директива за објавување на вистинските сопственици на фирмите со сметки во швајцарските банки.

Дали на листата има и македонски државјани? Дел од експертите очекуваат дека на списокот ќе се појават имиња и фирми на лица од Македонија.

(ДНЕВНИК) 23.04.2015 год. 

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ ПРОТИВ БИВШИ КОНСУЛТАНТИ ВО РУДНИЦИТЕ ЗЛЕТОВО И ТОРАНИЦА

До Основното јавно обвинителство во Скопје е поднесена кривична пријава против И.Ј и Б.Ц.Ј, бивши локални консултанти на рудниците Злетово и Тораница, заради сторено кривично дело, даночно затајување. Двајцата во период од 2007 до 2013 година, како што соопштуваат од компанијата, затаиле и не платиле персонален данок на доход во вкупен износ од 713.657 долари.

(МЕТА.МК) Атина, 22.04.2015 год.

 Уапсен првиот човек на „Актор“, Боболас, за даночно затајување

Грчката финансиска полиција утрово го уапси бизнис-гигантот Леонидас Боболас, сопственик на големата градежна компанија „Актор“ и на весникот „Етнос“. Боболас е уапсен за даночно затајување и за долг кон државата, по налог на грчкото државно обвинителство. „Актор“ во Македонија го гради  автопатот Демир Капија – Смоквица. Весниците јавуваат дека по детално проверување на сметките и долговите на Боболас, било откриено дека бизнисменот должи околу 2 милиони евра на грчката држава.

 (ЛИБЕРТАС) 17.04.2015 год.

УПАСЕН ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА ММФ - обвинет за перење пари и даночно затајување.

Поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд и шпански министер за економија Родриго Рато упасен е поради даночно затајување и перење пари, сооштија денеска претставни на судот.

(ВЕЧЕР) 01.04.2015 год. 

Бугарија се жали на ЕУ за грчкиот закон за даночно затајување

Бугарија се жали на ЕУ за грчкиот закон за даночно затајување. Тие сметаат дека законот ја загрозува трговијата меѓу двете земји.

 (ФАКТОР) 01.09.2014 год.

ШВАЈЦАРСКА ТАЈНА КОЈА СКАПО ЧИНИ

Швајцарија ја комплетираше програмата за исплата на стотини милиони евра на Британија и Австрија во име на договор за решавање на проблемите од даночно затајување во минатото. 

Во рамки на билатералните спогодби со Британија и Австрија, Швајцарија понудила две опции на луѓето кои во своите матични земји не ги пријавувале парите сместени во швајцарските банки.

Тие добиле шанса спорните средства да ги пријават на даночните служби во татковината или нивните сметки да се оданочуваат во Швајцарија, која така добиените средства би ги префрлала на матичните земји на штедачите, без именување банките на  клиенти.

(НЕТПРЕСС) 17.06.2014 год.

Кривична пријава против битолчанец, поради даночно затајување

СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.С.(42) од с.Десово, битолско, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „даночно затајување“.

Пријавениот, инаку индивидуален земјоделец со намера да одбегне плаќање персонален данок во 2011 година, во управата за јавни приходи-Прилеп не поднел годишна даночна пријава за остварен приход за 2010 година иако истиот на својата трансакциона сметка имал прилив на парични средства во износ од 506.000 денари со што затаил персонален данок на доход во износ од 50.598 денари.

(ЕКИПА.МК) 20.02.2014 год.

Барселона обвинета за даночно затајување 

Шпанското Обвинителство и официјално го обвини фудбалскиот клуб Барселона поради затајување данок, откако беа обелоденети низа нерегуларности околу трансферот на Бразилецот Нејмар. Неодамна беа откриени документи што потврдија дека трансферот на Нејмар изнесувал многу повеќе од 45 милиони евра, колку што информираше претходно каталонскиот гигант.

(PRESS-24) 

Меси ги плати 10-те милиони долари за даночно затајување - ќе плаќа уште

Аргентинскиот голгеер и ѕвезда на Барселона Лионел Меси ги плати бараните 10 милиони евра кои му беа побарани на име даночни обврски од 2010 и 2011 година. Меси и неговиот татко сега ќе треба да платат и дополнителна сума за периодот за кој се обвинети од 2007 до 2009 година дека затајувале данок. Неговите адвокати од адвокатската компанија „Хуарез Весиана“ сметаат дека е невин, но дека се подготвени да ја платат бизарната сума на пари која ја има побарано судот. 

(ЕКОНОМСКИ.МК)

Прада под истрага за даночно затајување

12.01.2014 - Италијанската модна куќа Прада е под истрага од страна на италијанските властипод сомнение за криење данок.