17.10.2014 14:16:17
Сметководствени правила
Која е разликата помеѓу книговодител и сметководител?
Во областа на финансиите и бизнисот најчесто кај малите и средните субјекти, книговодител, сметководител и даночнен советник, едни сопственици имаат тенденција да ги користат наизменично, а други пак сметаат дека е тешко да се разликуваат едни од други. Овие забуни ќе бидат разрешени само ако ги знаете разликите за нивните работни задачи, обврски и одговорности помеѓу нив и последиците од погрешна поставена организациона структура.
Книговодстводител е лице кое во една компанија работи во книговодството, кое може да се опише како процес кој ги следи сите финансиски транскции кои се вршат од страна на еден поединец или организација. Книговодствениот процес е однапред дефиниран согласно законските прописи и претставува евиденција на целокупната продажба, купување и монетарната вмешаност. Обврските и одговорноста на книговодителот е ажурно и уредно евидентирање на финансиските документи во деловните книги во законски утврдените рокови. |
Сметководителот управува со сметководството и финансиите во една компанија. Правилата бараат интерес и техничка експертиза за да биде вклучен во сметководствениот процес и да има многу познавања во врска со законските прописи и актите во одредена компанија. Со стручноста и вештината која ова лице ја поседува во изготвувањето на даночни и финансиски извештаи , компанијата ќе донесе помудри и правилни одлуки со кои ќе добијат максимална добивка. |
Даночен советник има голема улога во компаниите, затоа што ова лице има комбинирани знаења на сметководител и управител. Ова лице е способно правилно да ги насочи сметководителот и управувањето на компанијата кон поголем профит.Сопствениците добиваат совети како да се справат со финансиските проекти, како да профитираат и да имаат помалку даночни оптоварувања во спроведувањето со одредена бизнис трансакција последиците во било кој бизнис и финансиски одлуки, да направат интерни внатрешни ревизии и извештаи за одредни финансиски потези. |
Ова лице сепак е надвор од компанијата и може истовремено да биде и сметководител кој управува со сметководството и финансиите во компанијата и да му помага на клиентот исправно толкување и применување на законските даначни прописи во своето работење, како за одговорните лица така и за нивните вработените, кои се од витално значење како ризикот да го сведет на минимум и како најдобро да се заштите од казните што ќе придонесе за поуспешно работење и поголем профит.
За жал, денес на сложениот сметководствен процес и минимизирањето на грешките во даночните пресметките е нова склоност која се гледа преку користење на различни сметководствени софтвери со кои работат лица со Уверение за Сметководител или Овластен сметководител, без соодветна стручност, знаење и едукација кои се малку платени, се со цел да се заштедат пари или ги намалат трошоците во фирмата.
Оваа склоност може да ја применува само човек кој доволно не размислува или не е доволно упатен, дека самиот е одговорен за изборот на сметководителот и “заштедата на пари или намалување на трошоците“ може да предизвика катастрофални штетни последици со плаќање на даноци и парични казни и да го изгуби сето она што го создавал со години.