17.10.2014 14:19:42
Целосно сметководство
Целосна сметководствена услуга е наменета за мали и средни субјекти кои сакаат да обезбедат професионален сметководител и даночен советник, со што ги елиминираат до 50% трошоците за плата, едукација, литература, потребата од физичка канцеларија, професионален сметководствен софтвер и одржување, без да размислува за одговорност и квалитет, како и за физички лица/граѓани ДДВ обврзници, адвокати, нотари, извршители, ревизори, стечајни управници и други трговци поединци и самостојни вршители на дејност и микро субјекти.
Нашите професионални сметководители ќе се справуваат со вашите дневни, неделни и месечни книговодствени и финасиски податоци-записи на вашите бизнис трансакции и изготвување на финансиски и даночни извештаи |
Целосна сметководствена услуга нуди контрола, ажурно и уредно, односно стручно евидентирање на финансиско-сметководствената евиденција во нашите деловни простории, согласно член 472 од ЗТД, даночните закони, законските и подзаконските прописи, општите акти и сметкводствени политики на правниот субјект.
Целосна сметководствена услуга опфаќа:
месечни редовни усуги Уредно и ажурно финансиско сметководство и електронско доставување на даночни и финансиски извештаи до надлежни институции |
годишни услуги Годишни завршни сметки и финансиски извешати, годишни даночни и финансиски извешати до надлежни институции
|
дополнителни услуги Анализа на финансиски извештаи, бизнис планови, Годишни извешати, Финансиски план, обуки, административно правни услуги и друго |
Целосна сметководствена услуга не опфаќа, водење на денарска и девизна благајна и изготвување на благајнички извешати, материјално евидентирање на залихите и изготвување на пропишани извешати (обрасци) за трговија на големо и мало согласно Законот за трговија и Законот за регистрирање на готовински исплати.
Работењето се сведува на тоа да ги сакате луѓето кои работат со вас
и да им дадете повеќе од она што имаат право да го очекуваат.