06.8.2015 05:36:01
Постапка за вонсудско спогодување
КАУНТ е еден од ретките кој ви нуди консултантски услуги во врска со примената на Законот за вонсудско спогодување, поднесување на Преддлог за вонсудско спогодување како и комплетна услуга од составување на ревизорски извештај, извештај од проценувач и сите други докази потребни за поднесување на Предлог за вонсудско спогодување.
Со цел на друштвото кое се наоѓа во состојба со економско-финансиски потешкотии во работењето да му се овозможи да ја надмине состојбата на неликвидност или таа да премине во трајна неспособност за плаќање-инсолвентност, на доверителите да им се овозможи поповолни можности за намирување на нивните побарувања, донесен е Закон за вонсудско спогодување кој е во примена од 22 јануари 2014 година и е објавен во „Службен весник на Република Македонија бр.12/2014”.
Законот се темели на начелата на: доброволност, еднаков третман на доверителите, постапување со добра воља, пристап до податоци.
Со поведување на постапката за вонсудско спогодување должникот односно неговите органи за управување, преставување, застапување и надзор не можат да одговараат за надомест на штета согласно одредбите од Законот за трговските друштва и законот за уредување на рокови за намирување на паричните обврски настанати при деловни трансакции (популарно наречен „Закон за финансиска дисциплина“).Трговските друштва согласно со одредбите на овој закон исто така имаат и обврска за поведување на постапка за вонсудско спогодување доколку со преземените мерки за финансиско реструктуирање надвор од постапка за вонсудско спогодување, должникот не може да воспостави состојба на неликвидност, е должен во определен рок да започне да поведе постапка за вонсудско спогодување.
Постапката за вонсудско спогодување се поведува со Преддлог кој треба да содржи докази и документи согласно законот.
Постапката ја спроведуваат органи: Спогодбен совет од три челена именувани од министерот за економија и повереник на постапката именуван од Спогодбениот совет од редот на лиценцирани овластени стечајни управници.
Постапката за вонсудско спогодување е итна и мора да заврши во рок од 120 дена од денот на нејзиното отворање.
Одлуките во спогодената постапка се во форма на решение и заклучок.
Трошоците на постапката паѓаат на довар на предлагачот на постапката.
Предлогот за поведување на вонсудска постапка се поднесува до Министерството за економија и во него освен основните деловни податоци за назив на должникот, адреса и матичен број на субјектот треба да бидат доставени и:
-извештај за финансиската состојба на должникот,
-план за финансиско реструктуирање,
-план за оперативно преструктуирање,
-извештај од овластен проценувач,
-попис на имотот и правата на должникот кои се запишани во соодветните регистри и
-опис на преговорите со доверителите, доколку ги имало и кои му предходеле на предлогот за отворање на постапката.
Понуда од должникот. Должникот на доверителите може да им понуди начин и рок за намирување на побарувањата, а кога предлага намалување на побарувањата и предлог за процентот на намалувањето.
Исто така како алтернативен предлог должникот може да предложи и претворање на побарувањата во траен влог во друштвото.
Заштита на имотот на должникот за време на спроведување на постапката за вонсудско спогодување. По отворање на постапката за вонсудско спогодување се прекинуваат постапките за извршување и постапките за обезбедување.
Постапката за вонсудско спогодување се запишува во Трговскиот регистар.
По заверка на постигнатата вонсудска спогодба кај овластен нотар истата има сила на извршна исправа спрема потписниците и спрема трети лица.
НАСКОРО ќе биде објавен и „Водич“ за спроведување на постапка за вонсудско спогодување!!!