21.8.2015 09:54:03
Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија - Службен весник на РМ, бр. 129 од 31.07.2015 година
Со овој закон се утврдува висината на минималната плата, како и други прашања кои се однесуваат на минималната плата. Минимална плата е најнискиот месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време и исполнет нормиран учинок
Право на минимална плата, според одредбите на овој закон, имаат сите работници, во висина утврдена согласно со овој закон. Работникот кој работи со скратено работно време, за времето поминато на работа, има право на сразмерен дел од минималната плата.
Одредбите од овој закон не се однесуваат за самовработените лица.
Надзорот над примената на овој закон, во врска со пресметката и исплатата на минималната плата, согласно со овој закон, го врши Државниот инспекторат за труд, преку инспекторите за труд
Постојните колективни договори ќе се усогласат со овој закон, најдоцна во рок од шест месеци од денот во влегување во сила на овој закон. Одредбите од колективните договори кои нема да се усогласат со одредбите на овој закон во рокот, престануваат да важат.
ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ
Член 7 (1)Ако инспекторот на труд при инспекциски надзор утврди дека работодавачот на работникот не му исплатил минимална плата согласно овој закон, со решение ќе му нареди на работодавачот во рок од осум дена од денот на приемот на решението на вработените да им исплати минимална плата и придонеси од плата согласно закон му дава предлог за порамнување со издавање на прекршочен платен налог на одговорното лице кај работодавачот согласно Законот за прекршоците. Ако работодавачот не го прифати прекршочниот платен налог, надлежниот инспектор ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка.
(2)Ако работодавачот го повтори прекршокот од ставот (1) од овој член, во рок од една година од денот на сторувањето на прекршокот, инспекторот на труд со решение ќе ја забрани работата на работодавачот во работните простории, работниот простор или на друг соодветен начин во траење од 15 дена, ќе нареди на работодавачот на вработените да им исплати минимална плата и придонеси од плата согласно закон и ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка. За време на забраната за работа, работодавачот е должен на работниците да им исплати минимална плата и придонеси од минимална плата согласно закон. По истекот на забраната за работа, работодавачот не смее да го намали бројот на вработените во наредните три месеци.
(3)Жалбата против решението на инспекторот на труд од ставовите (1) и (2) на овој член не го одлага извршувањето на решението.
Член 7-a (1)За прекршоците утврдени во членот 7 од овој закон, прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува прекршочната комисија.
(2)Против одлуките на прекршочната комисија дозволена е жалба до Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и областа на прекршочната постапка.
Член 7-б (1)Глоба во износ од 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на работодавач - правно лице ако:
- на вработените не им исплати минимална плата и придонеси од плата согласно закон (член 4).
Во одделите производство на текстил, производство на облека и производство на кожа и слични производи од кожа висината на минималната плата изнесува:
-за 2014 година 7.500 денари во нето износ,
-за 2015 година 8.050 денари во нето износ,
-за 2016 година 9.000 денари во нето износ,
-за 2017 година 9.590 денари во нето износ и
-за 2018 година 10.080 денари во нето износ.
Висината на минималната плата, освен за одделите производство на текстил, производство на облека и производство на кожа и слични производи од кожа за 2014 година изнесува 8.800 денари во нето износ, а за 2015 година изнесува 9.590 денари во нето износ.
(2)Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член на одговорното лице во правното лице.
Член 5 Одмерувањето на висината на глобата за правното лице се врши согласно Законот за прекршоците.