За Каунт
Друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ Скопје, веќе две децении е лидер во обезбедување на даночни, сметководствени, финансиски и правни услуги на мали и средни субјекти

Поставете прашање

Зачленете се и искористете три бесплатни совети за вашиот бизнис

Повеќе

26.6.2015 11:25:36

Закон за регистрирање на готовински плаќања (Службен весник на РМ, бр.31/01...,129/15)


Со овој закон се уредува воведување и користење на фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања

Доколку, даночниот обврзник:

» Нема воведено фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања, УЈП донесува времено решение со кое на даночникот обврзник ќе му забрани вршење на дејност во деловната просторија во траење од 30 дена за правното лице и 30 дена за физичко лице.

» Прометот не го регистрира преку фискален апарат, не издава фискална сметка на купувачите, односно корисниците на услугата или нема инсталирано GPRS терминал и крипто модул, УЈП донесува времено решение со кое на даночниот обврзник ќе му забрани врешење на дејност во деловната просторија во траење од 15 дена за правното лицет и 15 дена за физичко лице.

» Не ги отстрани утврдените незаконитости во рокот определен со решението, УЈП ќе му забрани вршење на дејност во деловната просторија во траење од 60 дена за правно лице и 60 дена за физичко лице.

Член 21-б: (1) Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на даночниот обврзник - правно лице и трговец поединец  за сторен прекршок ако:

1)не воведе и користи одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања (член 2 став 1);

2)не издава фискална сметка за извршениот промет на добра, односно на услуга (член 2);

3)не користи фискален систем на опрема (член 11 став 2);

4)врши промет на нафтени деривати без инсталиран одобрен електронски систем со фискална меморија (член 12 став 2)

5)врши промет на нафтени деривати при нарушена врска во електронскиот систем (член 12 став 3)”

6)не издава парагон блок за извршениот промет на добра, односно на услуга (член 12 став 2)

7)издава парагон блок за извршениот промет на добра, односно на услугата (член 12 став 5);

8)не набави одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања (член 2 став 2);

(2)Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице и трговецот поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице и на одговорното лице во трговецот поединец за прекршокот од ставот (1) на овој член.“

Член 22  За прекршоците од член 21-б став 1 на овој закон за правното лице и трговец поединец може да се изрече привремена забрана за вршење на одделна дејност во траење од 30 дена

За прекршоците од член 21-б на овој закон за одговорното лице кај правното лице и за даночниот обврзник - физичко лице може да се изрече забрана на вршење должност односно забрана на вршење на дејност во траење од 30 дена.

Член 21(1)Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на даночниот обврзник - правно лице и трговец поединец за сторен прекршок ако:

1)на видно место не поставил соопштение со кое го информира купувачот на добро, односно корисникот на услуга за неговата обврска да бара фискална сметка (член 7),

2)не го чува контролниот траг од фискалната сметка во објектот (член 8 став 2);

3)не го чува електронскиот контролен траг по исполнување на капацитетот (член 8 став 3);

4)не го чува крипто медиумот најмалку пет години (член 3-а став 5);

5)не води книга за дневни финансиски извештаи (член 11 став 4);

6)не закупи и не регистрира резервна фискална апаратура (член 13).

7)преку мрежата на мобилните оператори не обезбеди постојана комуникација со серверот на Управата за јавни приходи (член 3-б).

(2)Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице и трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице и на одговорното лице во трговецот поединец за прекршокот од ставот (1) на овој член.

(4)Глоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на даночен обврзник - физичко лице за прекршокот од ставот (1)  од овој член.

Член 21-а Глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на даночниот обврзник - правно лице и трговец поединец за сторен прекршок ако:

1)издаде сметка која не ги содржи пропишаните елементи (член 5 став 1);

2)издаде документ касова сметка за сторна трансакција при продажба на нафтени деривати на мало и авто-такси превоз. (член 10 став 2)

3)не води итна сметководствена книга за извршениот промет на добра, односно на услуга (член 12 став 2);

4)не ги чува и одржува во исправна состојба фискалните апарати (член 14 став 1).

(2)Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице и трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице и на одговорното лице во трговецот поединец за прекршокот од ставот (1) на овој член.

(3)Глоба во износ од 250 до 375 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на даночен обврзник - физичко лице за прекршокот од ставот (1) на овој член.

Член 23-а Oдмерувањето на висината на глобата за правно лице и трговец поединец се врши согласно Законот за прекршоците.