За Каунт
Друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ Скопје, веќе две децении е лидер во обезбедување на даночни, сметководствени, финансиски и правни услуги на мали и средни субјекти

Поставете прашање

Зачленете се и искористете три бесплатни совети за вашиот бизнис

Повеќе

26.6.2015 11:29:48

Закон за финансиска дисциплина


Со овој закон се уредува навременото исполнување на парични обврски кои произлегуваат од реализација на деловни трансакции меѓу економските оператори од приватниот сектор, односно меѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор, заради спречување на неисполнување на паричните обврски во предвидените рокови согласно со овој закон

Член 14 Финансиската инспекција во јавниот сектор и Управата за јавни приходи, доколку утврдат повреди на овој закон, постапувајќи во редовен или вонреден надзор и контрола над субјектите кои ги контролираат, ќе поведат прекршочна постапка.

Член 15 Одредбите од деловните трансакции за кои е склучен договор меѓу економските оператори од приватниот сектор, односно меѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор, кои не се во согласност со одредбите од овој закон, се сметаат за ништовни и немаат правно дејство.

Член 16 (1) За сите прашања кои не се уредени со овој закон се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи.

(2) Цесијата, асигнацијата, преземањето или пристапувањето кон долг, компензацијата и други слични облигациони договори не смеат да се користат на начин кој ќе предизвика одложување на исполнувањето на паричните обврски во согласност со утврдените рокови во овој закон.

Член 17 (1) Глоба во износ од 5.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на правното лице субјект од јавен сектор и правното лице економски оператор од приватниот сектор, доколку не ја исполни паричната обврска во предвидениот рок, а согласно член 5 ставови (1) и (3) и член 6 ставови (1) и (2) од овој закон, односно во рокот од членот 7 од овој закон.

Член 5, став 1: Во деловна трансакција меѓу економските оператори од приватниот сектор не може да се предвиди рок за исполнување на паричните обврски подолг од 60 дена

Член 5, став 3: Во деловната трансакција меѓу економските оператори од приватниот сектор може да се предвиди рок подолг од 60 дена, но не подолг од 120 дена, доколку постои изречна писмена согласност од двете страни

Член 6, став 1: Во договор меѓу субјект од јавниот сектор и економски оператор од приватниот сектор не може да се предвиди рок за исполнување на паричните обврски подолг од 60 дена во случај кога субјектот од јавниот сектор се јавува како должник

Член 6 став 2: рокот за исполнување на паричните обврски меѓу субјект од јавниот сектор и економски оператор од приватниот сектор во случај кога субјектот од јавниот сектор се јавува како должник, може да биде подолг од 60 дена ако се работи за договор чиј предмет е повеќегодишна јавна набавка

Член 7: Во случај кога рокот за плаќање не е утврден во деловната трансакција меѓу економските оператори од приватниот сектор, односно меѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приватниот сектор, или кога договорите содржат ништовна одредба во однос на рокот за плаќање, согласно со одредбите од овој закон, должникот треба да ги исполни своите парични обврски во рок од 30 дена од денот:

1) кога должникот ја примил фактурата, односно друго барање за плаќање од доверителот кој ја исполнил својата договорна обврска;

2) кога доверителот ја исполнил својата обврска, односно извршил испорака на договорената стока, услуга или работа, а притоа не може да се утврди денот на приемот на фактурата или друго соодветно барање за плаќање;

3) кога доверителот ја исполнил својата обврска, односно извршил испорака на договорената стока, услуга или работа, а должникот ја примил фактурата или друго соодветно барање за плаќање пред доверителот да ја исполни својата договорна обврска или

4)  на истекот на рокот за преглед и потврдување на стоките и услугите, ако со закон или договор е предвидена постапка за преглед и потврдување со која се утврдува сообразноста на стоките, услугите и работите, а должникот ја примил фактурата или соодветното барање за исплата пред или на денот на потврдувањето, при што рокот за преглед на предметот не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на стоката или извршената услуга, односно работа, доколку по исклучок кој произлегува од специфичностите на стоките и услугите или од природата на договорот не е предвиден подолг рок.

(2) Глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на трговецот поединец, доколку не ја исполни паричната обврска во предвидениот рок, а согласно член 5 ставови (1) и (3) од овој закон, односно во рокот од член 7 од овој закон.

(3) Глоба во износ од 750 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на одговорното лице во правното лице економски оператор од приватниот сектор, доколку не ја исполни паричната обврска во предвидениот рок, а согласно член 5 ставови (1) и (3) од овој закон, односно во рокот од член 7 од овој закон.

(4) Глоба во износ од 750 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на одговорното лице во правното лице субјект од јавниот сектор, доколку не се исполни паричната обврска во предвидениот рок, а согласно членот 6 ставови (1) и (2) од овој закон, односно во рокот од член 7 од овој закон, во случаите кога барањето за плаќање во трезорот на Министерството за финансии е доставен по истекот на рокот од членот 6 став (5) од овој закон.( да го достават заклучно со триесеттиот ден од денот кога започнува да тече рокот)  

(5) Глоба во износ од 750 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на министерот за финансии, доколку не се намири паричната обврска во роковите утврдени со овој закон, а субјектот од јавниот сектор го доставил барањето за плаќање во трезорот на Министерството за финансии во рокот од членот 6 став (5) од овој закон, а Министерството за финансии нема да ги исплати паричните средства на кои гласи фактурата во рокот од членот 6 став (5) од овој закон,

(6) Глоба во износ од 5.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на правното лице субјект од јавен сектор и правното лице економски оператор од приватниот сектор, доколку облигационите договори од членот 16 став (2) од овој закон ги користи на начин што предизвикува одложување на исполнувањето на паричните обврски во роковите утврдени со овој закон.

 (7) Глоба во износ од 750 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на одговорното лице во правното лице економски оператор и на одговорното лице во правното лице субјект од јавниот сектор, доколку овозможил користење на облигационите договори од членот 16 став (2) од овој закон на начин што предизвикува одложување на исполнувањето на паричните обврски во роковите утврдени со овој закон.