26.6.2015 10:37:20
Закон за персонален данок на доход (Службен весник на РМ, бр.80/93...,129/15)
Со овој закон се воведува персонален данок на доход и се уредува начинот на оданочување на доходот на граѓаните. Персоналниот данок на доход се плаќа годишно на збирот на нето приходите од сите извори, освен на приходите што се изземени од оданочување со овој закон
Во ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ во член 143-б, 144, 144-а, 145, 145-а и 145-б се предвидени глоби за сторен прекршок
Член 143-б Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност за сторен прекршок ќе му се изрече на даночниот обврзник ако деловните книги, другата евиденција и документација не ги чува во деловната просторија (член 64).
Обврзникот е должен деловните книги, другата евиденција и документацијата да ги чува во деловната просторија. Ако водењето на деловните книги е доверено на регистриран финансиско-книговодствен сервис, деловните книги и документацијата се чуваат во просториите на тој сервис.
Член 144 Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност за сторен прекршок ќе му се изрече на даночниот обврзник доколку деловните книги ги води неажурно (член 59 став 1, 61 и 62).
Даночен обврзник е: трговец поединец, како и физички лица кои се занимаваат со земјоделска дејност (производство, доработка, преработка и пласман на сопствени земјоделски производи, како и одгледување на добиток и други стопанско-корисни животни и пласман на нивните производи), со занаетчиска дејност и лица кои вршат услуги или слободни занимања, кои остваруваат приходи од вршење на дејност од производна, услужна, трговска, угостителска, превозничка и друга слична дејност, како и здравствена, стоматолошка, ветеринарна, адвокатска, нотарска, консултантска, ревизорска, инжинерска, архитектонска, новинарска, спортска, културна и друга интелектуална дејност и обврзниците од земјоделска дејност кои се оданочуваат според вистинскиот приход се должни да водат деловни книги во кои ги искажуваат сите деловни промени на начин предвиден со овој закон.
Даночните обврзниците должни се да водат деловни книги по системот на двојно или просто книговодство. Деловните книги по системот на просто книговодство се:
1)книга на приходи,
2)книга на расходи,
3)книга на основни средства и ситен инвентар и залихи и
4)книга на парични средства, побарувања и обврски.
Даночните обврзниците се должни деловните книги и другата евиденција да ги водат уредно, ажурно и точно. Се смета дека деловните книги се водени уредно, ажурно и точно ако:
1)од нив може да се утврди вкупното работење на обврзникот, расчленото по одделни работни промени и тоа по хронолошки ред и во бруто - износ без пребивање;
2)во нив книжењето на приходите се врши секој ден, а најдоцна во наредниот ден а книжењето на трошоците во рок од седум дена од нивното настанување;
3)книжењето на секоја деловна промена на средствата, приходите и трошоците на работењето се врши врз основа на веродостојна книговодствена документација и
4)во почетокот односно на крајот од годината е извршен попис на средства, залихите на материјалите, готовите производи, полупроизводите и надворешните производи, готовината, долговите и побарувањата и ако оваа состојба е впишана во деловните книги.
Член 144-а (1)Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност за сторен прекршок ќе му се изрече на даночниот обврзник – трговец поединец, ако:
1)не поднесе даночна пријава, даночен биланс и барање во пропишаниот рок (членови 31-а, 67, 68, 69, 71 и 73);
-обврзник на приходи од земјоделска дејност кој не го надминува износот од 1.300.000 денари се оданочува според паушано утврден приход, по истекот на секоја година, најдоцна до 31 јануари наредната година
-годишна даночна пријава за остварениот доход, годишна пресметка за искажаниот финансиски резулатат и годишен даночен биланс, по истекот на годината за која се утврдува данокот најдоцна до 15 март наредната година
-аконтативна даночна пријава за остварени приходи во текот на годината кои подлежат на оданочување со данок на доход (закуп, капитални добивки и други приходи на кои не се плаќа аконтација на данокот по добивка), во рок од 15 дена од денот на остварувањето на приходите.
2)не ги води или неточно ги води деловните книги (членови 59 став 1, 61 и 62);
3)деловните книги, другата евиденција и документација не ги чува најмалку пет години (член 66) и
4)приходите не ги остварува преку трансакциска сметка кај носителите на платен промет (член 88).
Обврзникот кој плаќа данок од самостојна дејност, а кој е обврзан да води деловни книги во согласност со овој закон е должен приходот да го остварува преку трансакциска сметка кај учесниците во платниот промет, како и обврзниците кои плаќаат данок од вршење самостојна дејност кои не водат деловни книги, се должни приходот да го остваруваат преку трансакциска сметка.
(2)Глоба во износ од 30% од одмерената глоба на даночниот обврзник – трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице на даночниот обврзник – трговец поединец за прекршокот од ставот (1) на овој член.
(3)Глоба во износ од 100 до 200 евра во денарска противвредност за сторен прекршок од ставот (1) на овој член, ќе му се изрече на даночниот обврзник - физичко лице.
(4)За прекршоците од ставот (1) и ставот (3) на овој член на даночниот обврзник ќе му се изрече и забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од 15 дена.
Член 145 (1)Глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност за сторен прекршок ќе му се изрече на даночниот обврзник правно лице – исплатувач на приходи, ако:
1)не го пресмета данокот и не го уплати на соодветната сметка (членови 76 и 95);
Аконтација на данокот за приходите 1)личните примања; 2)приходите од авторски права и права од индустриска сопственост; 3)приходите од капитал; 4)приходите од имот и имотни права ако исплатувачот на приходите води деловни книги; 5)добивките од игра на среќа и 6)другите приходи за кои данокот на доход не се утврдува со решение на органот за јавни приходи, пресметува исплатувачот за секој обврзник и за секој поединечно исплатен приход. Аконтацијата на данокот на доход на приходите се пресметува на соодветно утврдена даночна основа со примена на стапката од членот 12 на овој закон.
даночниот обврзник правно лице – исплатувач на приходи на лични примања и на други приходи на кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка е должен задржаниот данок да го уплати при секоја поединечна исплата. Како исплатувач кој го задржува данокот на премијата за осигурување согласно менаџерскиот договор, се смета осигурителното друштво, а за исплатувач на лични примања, авторски и друг вид приходи исплатени преку авторска агенција или посредничко друштво, се смета авторската агенција односно посредничкото друштво. Даноците по одбивка се пресметуваат и плаќаат според стапката што важи на денот на исплатата на личните примања, односно на приходите, освен данокот на лични примања по основ на плата, надоместок на плата, пензија и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот кој ќе се пресметува и плаќа според стапката и личното ослободување што важат за месецот за кој се пресметува и исплатува платата, надоместок на плата, пензија и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот.
2) не ги исполнува обврските од членот 77 она овој закон и
даночниот обврзник правно лице – исплатувач на приходи е должен на обврзникот при секоја исплата да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот и наплатените придонеси и збирен податок по истекот на годината најдоцна до 25 јануари наредната година, за вкупно платената аконтација. Оваа обврска не се однесува на исплатувачот на добивки од посебните игри на среќа, но исплатувачот е должен на органот за јавни приходи, најдоцна до седми во тековниот за претходниот месец да му достави месечен извештај за исплатени приходи-добивки од игри на среќа и за пресметаниот и платен данок по одбивка.
даночниот обврзник правно лице – исплатувач на приходи е должен на органот за јавни приходи да му доставува годишен извештај за бруто остварените приходи на обврзникот за пресметаниот и платениот данок и придонес по одбивка и вкупно исплатените нето приходи, најдоцна до 31 јануари наредната година.
даночниот обврзник правно лице – исплатувач кој врши откуп на земјоделски производи и кој врши откуп на корисен цврст отпад од физички лица кои не се трговци поединци е должен на органот за јавни приходи да му доставува годишен извештај за исплатените приходи, најдоцна до 31 јануари наредната година.
3)исплатата за испорачаната стока и извршените услуги не ја изврши преку и трансакциска сметка (член 88).
(2)Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за даночниот обврзник ќе му се изрече на одговорното лице во даночниот обврзник за прекршокот од став (1) на овој член.
Член 145-а (1)Глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност за сторен прекршок ќе му се изрече на трговецот кој организира зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, ако трговецот на органот за јавни приходи не му доставува годишен извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари.
(2)Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за трговецот – правно лице и трговец поединец, ќе му се изрече на одговорното лице кај трговецот кој организира зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало за прекршокот од став (1) на овој член.
Член 145-б Oдмерувањето на висината на глобата за правно лице и трговец поединец се врши согласно Законот за прекршоците.