08.8.2015 05:12:18
Нова консултантска услуга од КАУНТ
Постапка за вонсудско спогодување согласно Закон за вонсудско спогодување со примена од 22 јануари 2014 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.12/2014), е со цел на друштвото кое се наоѓа во состојба со економско-финансиски потешкотии во работењето да му се овозможи да ја надмине состојбата на неликвидност или таа да премине во трајна неспособност за плаќање-инсолвентност, а на доверителите да им се овозможи поповолни можности за намирување на нивните побарувања.
КАУНТ е еден од ретките кој ви нуди консултантски услуги во врска со примената на Законот за вонсудско спогодување, поднесување на Преддлог за вонсудско спогодување како и комплетна услуга од составување на ревизорски извештај, извештај од проценувач и сите други докази потребни за поднесување на Предлог за вонсудско спогодување.
Трговските друштва согласно со одредбите на овој закон имаат обврска за поведување на постапка за вонсудско спогодување доколку со преземените мерки за финансиско реструктуирање надвор од постапка за вонсудско спогодување, должникот не може да воспостави состојба на неликвидност, е должен во определен рок да започне да поведе постапка за вонсудско спогодување.
Со поведување на постапката за вонсудско спогодување должникот односно неговите органи за управување, преставување, застапување и надзор не можат да одговараат за надомест на штета согласно одредбите од Законот за трговските друштва и законот за уредување на рокови за намирување на паричните обврски настанати при деловни трансакции (популарно наречен „Закон за финансиска дисциплина“).
Повеќе за новата консултантска услуга - Постапка за вонсудско спогодување кликни тука