23.6.2015 14:26:31
Соопштение на УЈП во однос на измените на Законот за придонеси и објавена нова верзија на МПИН клиентски софтвер
НАЈВИСОКА ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТКА И УПЛАТА НА ПРИДОНЕСИ СОГЛАСНО ИЗМЕНИТЕ ВО ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
Почнувајќи со пресметките за месец март 2015 година, согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување кој е во сила од 25.03.2015 се применува највисока / најниска основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа:
- Износот од дванаесет просечни плати изнесува 379.728 денари (12 x 31.644) за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос;
- Износот од дванаесет просечни плати, остварени во тековниот месец изнесува 379.728 денари (12 x 31.644)за плаќање на придонеси за примањата по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа;
- Износот од осум просечни плати изнесува 253.152 денари (8 x 31.644) за пресметување и уплата на придонесите за самовработено лице
За пресметките за плата кои се однесуваат за месец Јануари и Февруари 2015 година не се применува највисока основица за пресметка на придонеси
За МПИН пресметките кои се однесуваат на периоди заклучно со декември 2014 година (задоцнето поднесени пресметки, исправки на пресметки, исплата по основ на деловна успешност и слично), придонесите од задолжително социјално осигурување се пресметуваат со применување на највисоката основица за пресметка на придонеси согласно законот, додека за пресметка и уплата на придонесите за месец јануари и февруари 2015 година не се применува највисоката основица за придонесите.
При поднесување на МПИН пресметките за тековни и за минати периоди секогаш користете ја последната верзија на клиентскиот софтвер (МИПД) од 02.04.2015 година кликни тука, која го содржи новиот параметар.
Бруто плата 2015 – најниска и највисока основица за пресметување на придонеси
Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2015 година изнесува 31.644 денари.
Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување согласно член 15 и 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.
Најниската основица за пресметка на придонесите за 2015 година изнесува 15.822,00 денари (50% од 31.644).
НАПОМЕНА: Сите обврзници кои имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари и Февруари 2015 година, а исплатуваат плати под најниската основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.