За Каунт
Друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ Скопје, веќе две децении е лидер во обезбедување на даночни, сметководствени, финансиски и правни услуги на мали и средни субјекти

Поставете прашање

Зачленете се и искористете три бесплатни совети за вашиот бизнис

Повеќе

12.5.2015 14:22:14

УПАТСТВО за навремено исполнување на паричните обврски помеѓу економски оператори од приватен сектор согласно Законот за финансиска дисциплина

Основна цел на ова Упатство е информирање на даночните обврзници за исправна примена на Законот за финансиска дисциплина (ЗФД) и активностите кои ги превзема Управата за јавни приходи при неисполнување на паричните обврски помеѓу економските опратори од приватниот сектор.

ЗФД не се применува на економските оператори од приваниот сектор над кои е отворена постапка за стечај.  

ЗФД не ги опфаќа деловните трансакции во кои се инволвирани странски правни лица.

За сите прашања кои не се уредени во овој Закон се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи, меѓутоа не смеат да се користат на начин спротивен на утврдените рокови во овој Закон.  Односно, облигационите договори цесијата, асигнацијата, преземањето или пристапувањето кон долг, компензација и други слични облигациони договори не смета да се  користат на начин што предизвикува одложување на исполнувањето на паричните обврски во роковите утврди со овој Закон.

УЈП нема ингеренции да врши наплата на неплатените обврски, ниту да присилува на исполнување на обврските на друг начин, освен со примена на одредбите на ЗФД. Законот предвидува констатирање на прекрошок од УЈП и поднесување на Прекршочна пријава УЈП-ДИ-3.2-06 до надлежниот суд.

Дефиниции:

Деловна транскација – трансакција меѓу економскит оператори од приваниот сектор, односно меѓу субјектите од јавниот сектор и економските оператори од приваниот сектор, која се однесува на испорака на стоки, давање на услуги и вршење на работи за одреден паричен надоместок.

Деловна трансакција помеѓу економските оператори од приваниот сектор – се смета секоја поединечна испорака на договорена стока, услуга или работа. Рокот за исполнување на паричните обврски ќе започне да тече поединено за секоја испорака на стока, услуга или работа.

Субјекти од јавен сектор – органи на државната усправа и единици на локалната самоуправа; фондови, агенции, дирекции, бироа и јавни установи основани од РМ; јавни претпријатија и трговски друштава основани од РМ, општината, градот Скопје и општините во градот Скопје и друштвата врз кои државата или органите на обпштината, градот Скопје и општините во градот Скопје имаат директно или индиректно влијание преку сопственоста над нив, односно поседуваат голем дел од капиталот над друштото, имаат мнозинско гласови на акционерите / содружниците и именуваат повеќе од поливна од членовите на управниот или надзорниот одбор, односно органите на управување на друштвото; јавни установи оосновани од единиците на локалната самоуправата; и други институции основани со закон.

Економски оператори од приватен скетор – трговско друштво или трговец поединец основан согласно со Законот за трговските друштва; и физички и правни лица кои вршат профитна дејност и се регистрирани согласно со закон.

=================================================

Економските оператори од приваниот сектор за своите деловни трансакции имаат обврска Законот да го спроведуваат од 01 Мај 2014 година.

Рокови за исполнување на паричните обврски

За фактурите во кој не е наведен рок за плаќање, како меродавен рок се применува законскиот минимален рок од 30 дена.

За фактурите во кој е наведен рок до 60 дена, како меродавен рок се применува наведениот рок (во период до 60 дена, на пример 15,20,30,40....60 дена).

За фактурите во кој е наведен рок 60 до 120 дена, се применува договорениот рок (во период од 60 до 120 дена, на пример 90 дена), доколку за истото постои изрична писмена согласност од двете страни. 

Елементи на фактура

Изготвената фактура мора да ги содржи сите елементи за да биде веродостојна:

- Да има точно означена валута на доспевање и

- Да биде поткрепена со договор кој ќе соодветствува на фактурата во смисла на исти наведени рокови за плаќање склучени меѓу договорените страни.

Економските оператори од приватниот сектор заради утврдување на моментот на прием на фактурата или потврдување на испораката на стоката, услугата или работата, потребно е фактурите да бидат придружени со испратници на кои ќе стои датум потпис / или печат од лицето кое примило. 

Пропратната докумнтација за прием и испорака на договорената стока, услуга или работа неопходно е да соодветствува со содржината и елементите на фактурата.

Рокови за издавање фактура согласно ЗДДВ

Од 01.03.2015 година, согласно член 53 од ЗДДВ, даночниот обврзник е должен на барање да издаде фактура за прометот извршен спрема други даночни обврзници, а фактурата може да се издаде во хартиена или електронска форма. Односно, даночниот обврзник е должен да му достави, односно обезбеди фактура на примателот на доброто или корисникот на услугата и да обезбеди примерок од фактурата за сопствена евиденција.

За фактура согласно овој Закон, се смета секој документ кој го издава даночниот обврзник или друго лице по негов налог за извршениот промет. Како фактура се смета и пресметката, со која даночниот обврзник пресметува одреден оданочив промет извршен спрема него од страна на друг даночен обврзник. По исклучок, при преносот на движен и недвижен имот во постапка на присилна наплата и во извршна постпка не се издава фактура од страна на даночниот обврзник, него субјектот кој ја спроведува постапката изготвува решение за предавање на недвижноста на купувачот или потврда за извршена продажба.

При размена на добра или услуги, секој поединечен даночен обврзник издава фактруа.

Фактурата се издава на денот на кој бил извршен прометот, а најдоцна во рок од пет работни дена. Фактурата задолжително ги содржи пропишаните елементи во член 53 став 10 од ЗДДВ,  како и  денот кога е извршен прометот, односно завршена услугата.

Моментот  кога е извршен прометот, се смета  согласно член 31 од ЗДДВ и тоа:

- Кога доброто се превезува или испраќа, се смета моментот на започнување на превозот или на испраќањето;

- Кога прометот вклучува монтирање или инсталирање, се смета моментот кога соодветните работи се завршени и

- Во моментот кога услугата е целосно извршена.

Во случај на периодичен или континуиран промет, за кој се предвидени последователни плаќања, време на настанување на даночниот долг е денот на кој е издадена фактурата за соодветниот период,

Ако економски деливиот промет се должи и извршува во делови, време на настанување на даночниот долг е денот на кој е извршен соодветниот дел од прометот.

За фактура издадена во електронска форма се смета фактурата која е издадена како електронски документ. Примателот на фактурата дава согласност со своја експлицитно изразена волја во хартиена форма дека приемот на фактурите ќе го извршува во електронска форма.

Фактурата во електронска форма мора да ги задоволи следните барања:

- Да биде обезбедеа автентичноста на потеклото на фактурата на начин што примателот на фактурата може недвосмислено да утврди дека таа фактура е испратена од издавачот на фактурата,

- Да биде обезбеден интегритетот на содржината на фактурата на начин што применетата технологија и процедури да оневозможуваат промена на податоците во фактурата,

- Да биде обезбедена читливост на фактурата, односно визуелна и разбирлива слика на издадената фактура на компјутерскиот екран или други електронски уреди на еднаков начин како и на хартија и

Со потпишување на фактурата со примена на електронски потпис, кој е заснован на квалификуван сертификат кој е уреден со Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис. 

Утврдување на ден за исполнување на паричните обврски 

Доколку не е прецизиран денот / датумот на прием на фактура или испорака на стока услуга или работа како битен елемент од кога започнува да тече рокот за исполнување на паричните обврски, односно преизирање на “првиот нареден ден“ од рокот од 30 / 60 / 120 дена како законски предвиден рок за исполнување на паричните обврски, ЗФД предвидува неколку моности, односно ситуации според кои почнува да тече рокот за исполнување на обврската, односно “првиот нареден ден од денот“, и тоа:

- Кога должникот ја примил фактурата, односно друго барање за плаќање од доверителот кој ја исполнил својата догоорена обврска;

- Кога доверителот ја исполнил својата обврска, односно ја извршил испорака на добра и услуги, а притоа не може да се утврди денот на приемот на фактурата или друго соодветно барање за плаќање;

- Кога доверителот ја исполнил својата обврска, односно извршил испорака на добра и услуги, или должникот ја примил фактурата или друго соодветно барање за плаќање пред доверителот да ја исполни својата договорна обврска; или

- На истекот на рокот за квантиттивен и квалитативен прием на добра и оверка на извршените услуги, а должникот ја прими фактурата или соодветното барање за исплата пред или на денот на потврдувањето на приемот, рокот за преглед и прием на добрата и услугите не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на истите, доколку по исклучок кој произлегува од специфичностите добрата и услугите или од природата на договорот не е предвиден подолг рок.

За да се надминат евентуалните проблеми околу прецизирање на роковите од сите горенаведени точки, УЈП при постапувањето ќе се води пред се на обврската за водење на сметководствени евиденции и деловни книги регулирана во член 45, 46 и 47 од Законот за даночна постапка (обврска за водење на деловни книги и евиденции, општи начела за водење на сметководствени евиденции и книжења и други евидентирања), како и Законот за трговски друштва (обврска за редовно и уредно водење на сметководствени книги), односно водење на сметководство согласно Меѓународни сметководствени стандарди (МСС) и Меѓународен стандард за финансиско известување (МСФИ).

ДОКАЗ ЗА МОМЕНТОТ ОД КОГА ЗАПОЧНУВА ДА ТЕЧЕ РОКОТ

ЗФД освен што ги дефинира роковите, го дефинира и моментот од кој почнуваат истите да течат. При тоа, како алтернативни решенија, користи две правни ситуации:

1) Едната е денот на прием на фактурата или друго барање за плаќање од страна на доверителот и

2) Втората е денот на прием на стока, услуга или работа (како исполнување на обврска од страна на доверителот) во случај:

 - Кога не може со сигурност да се утврди денот на приемот на фактурата или друго соодветно барање за плаќање или

 - Кога должникот ја прима фактурата или друго соодветно барање за плаќање пред доверителот да ја исполни својата договорна обврска.

Кај стоките, услугите и работите кои подлежат на преглед според законот или договорот, рокот за плаќање тече по истекот на рокот за преглед (кој неможе да биде подолг од 30 дена освен по исклучок), ако должникот ја примил фактурата пред истекот на рокот за преглед.

Или попрецизно според ЗФД (член 5 став 2) рокот за исполнување на паричните обврски започнува да тече првиот нареден ден од денот:

Денот на прием на фактурата, односно кога должникот ја примил фактурата;

Основен момент за пресметување на роковите е денот на приемот на фактурата, но само ако приемот се случил по извршувањето на обврската од страна на доверителот, според тоа, а согласно член 53 од ЗДДВ, фактурата треба да ги содржи основните елементи, од кои ќе ги издвоиме: место и датум на фактурата (се изготвува во рок од 5 дена по извршениот промет) и ден на извршен промет (денот кога робата е испорачана, односно услугата е завршена), а согласно ЗФД во фактурата задолжително да стои: датум на прием и примил – име и презиме и потпис.

Во случај да фактурата се испорачува по пошта, задолжително да се испорача со повратница која ги содржи датум и потпис дека фактурата е примена или доколку влезната фактурата е испорачана обично по пошта, кон фактурата прикачетето пликото на кое има датум кога е испорачана и задолжително да се заведе во книга на влезни фактура на денот на приемот со штембил.

 - денот на прием на стока, услуга или работа во случај:

 - кога доверителот ја исполнил својата обврска, а притоа не може да се утврди денот на приемот на фактурата;

Ако од било која причина не може да се утврди точен датум на приемот на фактура (или ако должникот приговори дека не ја примил фактурата) или ако доверителот ја испратил фактурата пред да ја изврши својата обврска кон должникот, тогаш  рокот за плаќање започнува кога доверителот ја исполнил својата обврска, односно испорачал стока, услуга или ја завршил договорената работа.  Меѓутоа и во такви случаи доверителот со соодветен документ  треба да го докаже моментот кога ја исполнил својата обврска кон должникот.

Во трговскиот промет се користат различни документи, како што е испратница/приемница, кои се испоставуваат заедно со стоките или услугите, во кои меѓу другото, должникот го потврдува приемот со ставање на датумот на прием и својот потпис. 

Според тоа, најдобро е во промет со стоки во испратницата или кај промет со услуги во работен налог, извештај и сл. (документ во кој се потврдува дека услугата е извршена) задолжително да стои на пример:

----------------------------------------------------------------------------------------------------

ПОТВРДА НА ПРИЕМ

Го потврдувам приемот на стоките/материјалите/производите според приложената спецификација  или услугата  заклучно со реден број_____.

Датум на прием:                                                                                Примил,

Место на прием:                                                                    (име, презиме и потпис)

-----------------------------------------------------------------------------------------------------

 - кога доверителот ја исполнил својата одбврска, а должникот ја примил фактурата пред доверителот да ја исполни својата договорена обврска или

 - на истекот на рокот за преглед и потврдување на стоките и услугите, односно прием на извршените работи, а должникот ја примил фактурата пред или на денот на потврдувањето.

Рокот за преглед на предметот не може да биде подолг од 30 дена од денот на прием на стоката или извршената услуга, односно работа, доколку по исклучок кој произлегува од специфичностите на стоките, услугите и работите или од природата на договорот не е предвиден подолг рок.

Овој дел од законот посебно ги опфаќа градежните дејности кои подлежат под  контрола од надзорен орган  (според законот или договорот), рокот за плаќање тече по истекот на рокот за преглед, според тоа потребно е  договорите  да ги усогласат со утврдените рокови за преглед (кој неможе да биде подолг од 30 дена освен по исклучок) и задолжително да бараат надзорниот орган освен својот потпис, своерачно да го напише и датумот кога е извршен прегледот на услугата, повикувајќи се по одредбите од  ЗФД.

Спроведување на надзор

УЈП почнувајќи од 1 јануари 2015 година,  може да врши редовен или вонреден надзор и контрола за деловните трансакции помеѓу економските оператои од приватниот сектор настанати по 21.12.2014 година,  по претходно пристигнато известување од суд, извршител или нотар, доколку доверителот поднесе:

     Тужба до надлежен суд;

     Предлог за извршување до извршител; или

     Предлог за платен налог до нотар.

Целта на УЈП е да утври дали се прекршени одредбите на овој Закон од страна на економскиот оператор од приваниот сектор. УЈП може да врши инспекциски надзор и по сопсвен избор, односно редовни инспекциски контроли за спроведување на ЗФД.

За вршење на надзорот и сите дејствија кои се потребни да се преземаат по вршењето на надзорот од УЈП, утврдени се прецизни рокови и предвидени се санкции за неспроведување на истите.

УЈП во рок од 30 дена, од денот на приемот на Известувањето од суд, извршител или нотар е должна да изврши контрола на деловната транскација;

Во рок од 15 дена од денот на извршениот надзор има обврска да поднесе Барање за поведување прекршочна постапка до надлежниот суд, доколку со извршениот надзор се утврди дека должникот не ја намирил паричната обврска во роковите утврдени со овој Закон;

Во рок од 18 дена од денот на извршениот надзор, УЈП има обврска да достави Известување за утврдени состојби од извршен надзор за финансиска дисциплина до судот, извршителот или нотарот, доколку е констатирно дека нема повреди од одредбите од овој Закон.

Ништовни одредби за рокот на плаќање на паричните обврски

Кога во деловната трансакција помеѓу субјектите од приватен сектор не е утврден рокот за плаќање или кога договорите содржат ништовна одредба во однос на рокот за плаќање, должникот треба да ги исполни своите парични обврски во рок од 30 дена од денот кога должникот ја примил фактурата, односно друго барање за плаќање од доверителот, кога доверителот ја исполнил својата обврска испорака на договорената стока, услуги или работа, или на истекот на рокот за преглед и потврдување на стоките и услугите, односно прием на извршитените работи.

Како ништовна договорна одредба ќе се смета одредбата која во однос на доверителот е значително неправедна и на нефер начин го одредува датумот или периодот за плаќање и ја ограничува примената на другите заштитни мерки кои ги пропошува Законт.

Рокови за исполнување на парчните обврски кај деловните трансакции пред и по примена на законот

Сите договори кои што се склучени пред стапувањето на сила на овој Закон (01.05.2014 год.) а во кои е децидно наведена колична, цена и рокови за плаќање,  важат договорените условите и рокови  одредени во догоорот и по влегување во сила на овој Закон.

Доколку договорените страни склучат нов договор или анекс кон постоечкиот договор по стапување на ЗФД (01.05.2014 год.) рокот за плаќање на паричните обвски  се утврдуваат согласно член 5 и 7 од Законот.

Договорите кои се склучени пред и по влегување на сила на Законот (01.05.2014 год.) а во кои воопшто не е утврден рок за плаќање или / и рокот е неодреден (на пример; плаќање по остварена реализација),  не се во согласност од одредбите од член 15 од ЗФД и се сметаат за ништовни и немаат правно дејство.

Кај договори со сукцесивна испорака на добра кои се склучени по стапување на сила на овој Закон, секоја испорака на стока или извршена услуга која произлегува од договорите ќе се смета за поединечна деловна трансакција со рок за плаќање утврден во член 5 и 6 од овој Закон. На пример: доколку е извршена испорака на добра или услуги во месец Март 2015 година тоа значи дека за таа деловна трансакција рокот за плаќање ќе изнесува максимум 120 дена.

Казни за непочитување на роковите за исполнување на паричните обврски

На правното лице ќе му се изрече глоба  во износ од 5.000 до 10.000 евра и на одговорното лице во правното лице во износ од 750 до 1.500 евра во денарска противвредност за сторен прекршок доколку:

 - правното лице нема да ја намири паричната обврска во утврдените рокови во овој Закон

 - облигационите договори цесијата, асигнацијата, преземањето или пристапувањето кон долг, компензација и други слични облигациони договори ги користи на начин што предизвикува одложување на исполнувањето на паричните обврски во роковите утврди со овој Закон.

Глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на трговец – поединец, доколку нема да ја намири паричната обврска во роковите утврдени со овој Закон.

Директорот на Управата за јавни приходи донесе Упатство за навремено исполнување на парични обврски и надзор над деловните трансакции помеѓу економски оператори од приватен сектор, под број 22-55/1 од 02.01.2015 год. со шифра: УЈП-ДИ-У.2-03/2  - превземи

  http://www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/0743/UJP-DI-U.2-03-2.pdf