За Каунт
Друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ Скопје, веќе две децении е лидер во обезбедување на даночни, сметководствени, финансиски и правни услуги на мали и средни субјекти

Поставете прашање

Зачленете се и искористете три бесплатни совети за вашиот бизнис

Повеќе

Калкулатор за пресметка на данок на доход од труд


Доходот од труд е доход кој даночниот обврзник го остварува со својата (физичка или интелектуална) работа која го опфаќа: доход од работа (плата, договор за дело); доход од самостојна дејност; доход од авторски и сродни права (утврдени со Закон за авторското право и сродни права) и доход од продажба на сопствени земјоделски производи кој се одначува по пропорционални стапки од 10% и 18% и не е конечна намирена обврска. Даночна основа за утврдување на данокот на доход од труд преставува збир на бруто доход остварен по сите основи (во пари, во хартии од вредност, во натура или во некој друг вид) во земјата и во странство во текот на даночниот период, намалена за износите на: придонесите од задолжително социјално осигурување; даночно намалување и нормираните или стварните трошоци предвидени со овој закон. Во текот на годината, се пресметува и плаќа аконтација на данокот на доход по одбивка. Аконтацијата на данокот ја пресметува исплатувачот за секој обврзник и за секој поединечно исплатен доход на соодветно утврдена даночна основа со примена на пропишана стапка. Даночна основа при поединечна исплата при аконтативно оданочување на бруто основа е:

Пресметката за исплата на доходот на кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка, се доставува по пат на пренос на податоци во електронска форма, која органот за јавни приходи ја одобрува пред да се изврши плаќањето на данокот и исплата на доходот кај носителот на платниот промет. Исплатувачот е должен на обврзникот да му издаде примрок од пресметката за аконтацијата на данокот на доход и платените придонеси при секоја исплата. Органот за јавни приходи изготвува годишна даночна пријава за обврзникот, која ги содржи податоците за остварениот доход и платените аконтации на данокот во текот на годината за која се утврдува данокот и ја доставува до обврзникот најдоцна до 30-ти април наредната година. Даночен период за кој органот за јавни приходи го утврдува данокот преставува каледнарската година (01.01.-31.12.). Пресметувањето на годишниот данок на доход на бруто основа е:

Обврзникот на данок на доход е должен разликата помеѓу утврдената обврска на данок на доход и износот утврден со решение на органот за јавни приходи да ја плати во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решението. Ако обврзникот на данокот на доход во вид на аконтација платил поголем износ на данок од износот што бил должен да го плати, органот за јавни приходи му ја враќа разликата на обврзникот врз основа на барање кои обврзникот го искажува во годишната даночна пријава, ако не искаже такво барање, разликата се пренесува како аконтација за следниот даночен период.

Калкулаторите се од информативен карактер за пресметка на данок на доход од труд и истите не може да се користат за други цели.

Пресметка на бруто плата

Калкулатор за пресметка на бруто плата

Пресметка на нето плата

Калкулатор за пресметка на нето плата

Пресметка по договор на дело

Калкулатор за пресметка по договор за дело

Пресметка за авторски права

Калкулатор за пресметка за авторски права

Годишна пресметка на доход од труд

Калкулатор за годишна пресметка на доход од труд

Пресметка на бруто плата

on-line Калкулатор за пресметка на плата

Принтај

Пресметка на нето плата

on-line Калкулатор за пресметка на плата

Принтај

Пресметка по договор на дело

on-line Калкулатор за пресметка на доход по договор на дело

Принтај

Пресметка за авторски права

on-line Калкулатор за пресметка на авторски права

доход од авторски и сродни права по стапка од 10% и 18% на бруто нормирани трошоци % даночна стапка на бруто износ нето износ исплатен нето износ данок на нето доход по 10%
за вајарски дела, теписерии, керамопластика, уметничка карамика и витраж

50%

10%

18%

до 171.000

над 171.000


за уметничка фотографија, зидно сликарство и сликартво во простор во техничките: фреска, графика, мозаик, интерзија, емајл, интерзирани и емајлирани предмети, костимографија, модно креаторство и уметничка обработка на текстил (ткаен текстил, печатен текстил и сл.) сликарски дела, графички дела, индустриско обликување со изработување модели и маркети, ситна пластика, уметнички решенија, сценографија, музички и кинематографски дела и реставраторски и конзерваторски дела во областа на кулурата и уметноста

40%

10%

18%

до 141.000

над 141.000



за начни, стручни и публицистички дела, изведување уметнички дела во областа на сериозната музика, балетот, операта и театарското и филмското актерство, за рецитирање, снимање филмови и идејни скици за таписерија и идејни скици за костимографија

30%

10%

18%

до 119.571

над 119.571



за преводи, предавање и слични интелектуални творби, идавање естрадни програми на забавна и нардона музика како и за други авторски дела и предмети сродни права кои не се наведени во овој член

20%

10%

18%

до 103.500

над 103.500



Принтај

Годишна пресметка на доход од труд

on-line Калкулатор за годишна пресметка на доход од труд

Принтај