26.6.2015 09:42:33
Услови и правила за користење
Добродојдовте на веб страната www.kaunt.mk
Посветете неколку минути за да се запознаете детално со условите за користење на веб страната и Ве молиме внимателно прочитајте ги овие услови пред да ја користите. Веб страната претставува информативен сервис за нашите услуги и бизнис советник со цел да ви овозможиме пристап до сите потребни инфорамации кои ќе ги разрешат Вашите дилеми во толкување и исправна примена на даночните закони и ќе ви го олеснат секојдневното работење. Веб страната можете да ја користите ако се сложувате со наведените услови за користење.
Со пристапот до оваа веб страна и со нејзиното користење се согласувате дека ќе ги почитувате условите за користење и ќе се однесувате во согласност со нив. Ако не се согласувате, ве молиме да не ја користите оваа веб страна и нашите on-line услуги.
КАУНТ во секое време го задржува правото да ги ажурира или измени тековните услови за користење без претходно известување, а вие сте обврзани да ги прочитате условите за користење при секоја посета на веб страната. Последното ажурирање на условите за користење беше направено на 26.06.2015 година.
КАУНТ го задржува правото во било кое време да изврши повлекување, изменување или дополнување на содржината на оваа веб страна.
Правила за користење на веб страната
Оваа веб страна е сопственост на КАУНТ ДООЕЛ Скопје и целосно ги задржува своите авторски права врз нејзината содржина.
КАУНТ ви дава право да ги разгледувате сите материјали, ги користите калкулаторите, превземате теркови на договори, но исклучиво за лична употреба , со нетрговска цел или да преземате метријали но при тоа да се наведе изворот. Материјалите на оваа страна се под заштита на Законот за авторско право и други права и секоја недозволена употреба може да биде нарушување на авторското право, права врз трговски мерки и други законски определби.
Сликите на веб страницата на кои се прикажани лица или места се или сопственост на КАУНТ или се искористени со соодветна дозвола. Забрането е користење а овие слики од Ваша страна или други лица. Нелегалното користење на слики може да претставува кршење на авторските права, законот за трговските марки, личните права или правата на публицитет и законските регулативи за репродукција.
Логото на КАУНТ ислучиво припаѓа на КАУНТ и не може да се користи без претходно одобрување од КАУНТ. Секој упад на оваа веб страна и нејзина злоупотреба е казнива согласно македонската легислатива.
Врските (линковите) од оваа веб страна со други веб страни се само заради информирање. КАУНТ не е одговорна за содржината на другите веб страни.
Информации
КАУНТ настојува, најдобро што може, да обезбеди целосни и точни информации на оваа веб страница, но не презема одговорност за евентуални гршки или пропусти во содржината на веб странта, бидејќи се работи за информативен сервис без обврски. Поради тоа, КАУНТ не превзема никаква одговорност за точноста и целосноста на објавените податоци или за каква било можна штета која настанала кај посетителот како последица од употреба на информациите на веб страната. На корисникот му се препорачува, при носење на одлуки засновани врз содржините што се објавени на веб страната да ја провери информацијата во смисол на нејзината точност, копатибилност, итн. Вие се согласувате и прифаќате да го користите веб сајтот на КАУНТ на ваш сопствен ризик.
КАУНТ ја исклучуват секоја обврска и одговорност за било кој износ или кој било вид на губиток или штета што може да претрпите вие или трета страна, на директен, индиректен, казнив или последователен губиток или штета, или каков било вид на губиток на приход, профит, податоци, договори, губиток или штета настанати или поврзани на кој било начин, без разлика дали е од невнимание или е намерно нанесување на штета како резултат од користење на информации и материјали ова веб страна.
Исто така, се согласувате дека преку оваа веб страна, нема да пренесувате или испраќате какви било материјалији кои би можеле да претставуваат или охрабрат постапување или однесување кои би можело да претставува кривично дело, предизвика одговорност за штета или е на друг начин спротивност со законите.
Услугите и сите информации кои се вклучени или достапни на оваа веб страна се на располагање „како што се видени“ или „како такви“ и не вклучуваат изречна или имплицирана гаранција и истите може да се сменат без претходно известување.
ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ ЗА РЕГИСТРИРАНИ КОРИСНИЦИ
Нашата компанија, КАУНТ ДООЕЛ Скопје, посветува големо внимание за заштита и зачувувањето на личните податоци на регистрираните корисници на нашата www.kaunt.mk (во понатамошниот текст: КАУНТ).
Го задржуваме правото на промена на Политиката на приватност и безбедност на личите податоци во било кое време без претходна најава. Затоа, Ве молиме повремено прегледувајте ја оваа Политика.
Со самата регистрација на интернет страницата на КАУНТ се согласувате дека ќе ги почитувате условите за користење и ќе се однесувате во согласност со нив. Ако не се согласувате со наведените услови, ве молиме да не ги користите нашите on-line услуги.
ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
КАУНТ ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен доколку постои законска или професионална должност за обелоденување. Како лични податоци се сметаат: Име, презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса, за физички лица и назив на компанијата, ЕДБ, телефон, адреса, е-маил адреса, за правни лица и сл. Корисникот гарантира за точноста на внесените податоци, а КАУНТ не сноси никаква одговорност доколку податоците не се точни.
КАУНТ ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. КАУНТ за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Подтоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on-line плаќања.
ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ НА ON-LINE УСЛУГИТЕ
Оваа Политика се однесува на on-line услуги – финасиски и даночен советник, при што секој корисник има право на три бесплатни одговори на поставени прашања од областа на финасии и даноци, а потоа е потребно да се регистрира и претплати за годишен финансиски и даночен советник.
Во годишната претплата вклучува:
On-line пристап до заштитениот дел на интернет страницата каде може да се добијат повеќе корисни информации од различни области
Newsletter, за Ваше наврмено и секојдневно информирање
On-line стручни совети од областа на сметководството, даноците, финансиите, работни односи, деловното право и сето она што е од Ваш интерес.
Цената на годишна претплата изнесува 7.250,00 денари
Безбедност на Вашите податоци
Податоците кои Вие ги оставате на нашата страница се целосно безбедни. КАУНТ ја почитува Вашата приватност и доверливост на информациите.
Ако сакате да ги потврдите Вашите податоци, или да не известите за некаква нивна промена контактирајте не на следниот е-меил адреса info@kaunt.mk
Безбедност на Вашите плаќања
За да ги направиме Вашите плаќања со платенижни картички за услугите кои Вие ги нарачувате од нас што е можно побезбедни, сите Ваши информации се шифрираат и пренесуваат преку безбедна конекција на Вашата платежна картичка со нашиот партнер НЛБ Тутунска банка, и овие информации не можат да бидат прочитани од било која друга надворешна страна.
За префрлување на Вашите плаќања на нашата сметка ние соработуваме со авторизирани компании, кои ни помагаат да ја верифицираме валидноста на вашата платежна картичка и да ги менаџираме сите трансакции на сигурен начин. Нашите парнери ги процесираат Вашите целокупни детали од платежните картички во согласност со интернационалните сигурноси стандарди зад кои стојат компаниите VISA и MasterCard. Ова значи дека со информациите од Вашите платежни картички се постапува на еден начин кој има висока безбедност.
Одрекување од одговорност
Веб страната ви стои на располагање „ТАКВА КАКО ШТО Е“ или „КАКО ШТО Е ДОСТАПНА“ без никакви гаранции. Според тоа, КАУНТ ќе се заложува да обезбедува точни и навремени инфорамции, но не може да гарантира за точноста на било кој документ дека на веб страната може да се објават нецелосни, застарени информации или информации кои содржат неправилности или печатни грешки. Информациите што се објавуваат на веб страната е согласно моменталната законска регулатива, без било каква гаранција од било кој вид.
КАУНТ ги одбива сите гаранции за деловност и погодност на инфорамацијата за било која намена и во никој случај не е одговорна за одредени штети што евентуално би настанале вклучувајќи ги и директните, индиректните, случајните, загуби на деловниот профит или специјални трошоци, дури и во случаи ако се советувани и предупредени за можноста на вакви штети.
Ограничување на одговорноста
Веб страната ја користите исклучиво на сопствена одговорност. КАУНТ и нејзините вработени не одговараат за посредни или непосредни загуби или штети што ќе бидат последица од вашите одлуки потпирајќи се врз какви било информации кои се објавени на веб страната. КАУНТ нема без горенаведното ограничување на никаков начин да одговара за штетите или пропустите во деловите од содржината на веб страната. Ова особено се однесува на корисниците на он-лине услугите кои што компанијата ги нуди. Наведеното претставува ограничување на одговорноста и се однесува на какви било штети или загуби, посредно или непосредно, општо, посебно, случајно, последователно, примерно или на кој било друг начин, меѓу другото и за загуба на податоци, приходи или профит. Ограничувањето на одговорноста е валидно ако дадената одговорност се темели на договор, невнимателност, одговорност за настаната штета, строга одговорност или врз каква било друга основа.
Престанок на користење на интернет страната
КАУНТ го задржува правото да ја прекине Вашата корисничка регистрација или слични кориснички права на оваа интернет страница. Вие сте лично одговорни за секоја направена нарачка или уплата од Ваша страна, пред да настане забраната. КАУНТ го задржува правото за промена, стопирање, или прекивање целосно или само на некои делови од оваа интерент страна во секое време, без претходна најава. После активирање на забраната Вие немате повеќе право на корисничка регистрација или слични права на користење на интернет страната. Нашите сопственички права, одрекувањето од гаранции и надоместоци и од разни регулативи не можат да бидат одземени, намалени, ограничени, укинати или поништени во сите случаи.
Контакт
Доколку имате дополнителни прашања за условите, политиката и општите услови за користење на оваа интерент странциа контактирајте не
e-mail: info@kaunt.mk
КАУНТ дооел
Ул.50 Дивизија бр. 36
1000 Скопје, Република Македонија
Тел: +389 (02) 3296 688