За Каунт
Друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ Скопје, веќе две децении е лидер во обезбедување на даночни, сметководствени, финансиски и правни услуги на мали и средни субјекти

Поставете прашање

Зачленете се и искористете три бесплатни совети за вашиот бизнис

Повеќе

14.5.2015 13:19:17

ОБУКИ ЗА СЛУЖБЕНИК ВО КНИГОВОДСТВО


Пријавете се на Јавниот оглас за невработени евидентирани лица и искористете ја можноста за бесплатно учество на обуката за преквалификација и доквалификација на стручен кадар - Службеник во книговодство

Обуките  за  преквалификација  и  доквалификација  на  стручен  кадар  покрај  тоа  што претставуваат одличен начин да се стекнат знаење и практично искуство во определена област кои се применливи на конкретно работно место, овозможуваат и поврзување помеѓу работодавачите и невработените лица што пак во крајна линија има позитивни ефекти врз пазарот на трудот. Токму од овие причини, ваквите обуки се сѐ по актуелни особено за занимања кои се барани и преку кои се создаваат можности за нови работни места.

Бизнис центарот за тренинг и обука и Каунт организираат обука согласно верифицирана програма за занимањето „Службеник во книговодство“. Програмата е верифицирана од Центарот за образование на возрасни а учесниците кои успешно ја следат обуката ќе стекнат сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија. Обуката содржи теоретски  дел  кој  се  одржува  во  просториите  на  Стопанската  комора  на  Македонија  во времетраење од еден месец и практичен дел кој се одржува во Каунт под постојан надзор на ментор во времетраење од три месеци.

Обуката „Службеник во книговодство“ невработените лица можат бесплатно да ја следат со поддршка од Агенцијата за вработување на Република Македонија.

За таа цел потребно е да се пријават на Јавниот оглас за невработени лица за активната мерка - обуки за задоволување на побаруваните  занимања  на  пазарот  на  трудот.  За повеќе  информации   кликни тука 

Сите останати кои што се заинтересирани да ја следат обуката во текот на годината можат да се пријават и директно во Бизнис центарот за тренинг и обука или во Каунт.

Бизнис центарот за тренинг и обука е основан од Стопанската комора на Македонија  како  прв  приватен  провајдер  на  обуки  за  образование  на  возрасни  во  Македонија.  Во изминатите  години  се  истакна  како  еден  од  најразвиените  центри  со  најголем  број  на верифицирани  програми од  различни  области согласно потребите на  пазарот на  трудот.

Нашата  визија  е  да  обезбедиме  квалитет  и  сигурност  на  услугите  во  рамките  на неформалното образование со цел одржлив развој на најважниот ресурс – човечкиот капитал, преку обезбедување на иновативни, ефективни и корисни тренинг и консалтинг можности. 

Посетете  ја  facebook  страницата  на  Бизнис  центарот  за  тренинг  и  обука  за  подетални  информации кликни тука