15.8.2014 14:32:18
Обврска за исплата на регрес за годишен одмор
Секој работодавач има законска обврска на вработените да им исплати регрес за годишен одмор, според тоа ќе објасниме кој услов треба да го исполни работникот.
Kој е минималниот износ за исплата на регресот и до кој износ е признат трошок на работодавачот?
Регрес за годишен одмор се исплаќа еднаш годишно и тоа под услов ако работникот работел најмалку 6 месеци непрекинато во календарската година кај истиот работодавач. (Член 35 став 1 алинеја 7 од општиот колективен договор за приватен сектор на РМ). Од ова призлегува дека нема дефинирано конкретен датум кога се исплаќа регресот односно доколку едно лице се вработи со датум 01.04.2014 год., со правото за регрес ќе се стекне по изминување на 6 месеци во работен однос односно од 01.10.2014 год. Од друга страна пак Работодавачот е должен од 01.10.2014 год до 31.12.2014 год. да го исплати регресот. Оние лица кои веќе биле вработени од претходно, со право на регрес ке се стекнат од 01.07.2014 год. а Работодавачот пак е обврзан да им го исплати до 31.12.2014 год. Во секој случај Работодавачот е обврзан до 31.12 да го исплати регресот на секој работникот кој го исплнил условот од 6 месеци непрекинато работење za период од 6 месеци.
Минималнот износ на која треба да се исплати регресот согласно Член 35 став 1 алинеја 7 од општиот колективен договор за приватен сектор на РМ изнесува 40% од просечната нето плата исплатена во последните 3 месеци во РМ (за месец Јуни 2014 год. изнесува 21.091,00 х 40% = 8.436,00) што воедно и претставува и нето основица за пресметка на бруто износот на регресот кој може да се добие кога ќе се помножи нето основицата со даночната стапка од 11.1111%.
Консекветно на наведенето, доколку денес би се исплатил минимум регрес за годишен одмор, нето износот кој ќе треба да се исплати на вработениот би изнесувал 8.436,00 денари. Пресметката на бруто износот на регресот за годишен одмор (нето надоместок + пер.данок), од друга страна пак може да се изведе на следниов начин:
· Нето износ за исплата на регрес- 8,436.00
· Персонален данок - 8,436.x11.1111%= 937,00
· Вкупно (бруто износ) – 9,373.00 (8,436+937)
Меѓутоа, обрнете внимание за исплата над минималниот износ, бидејќи да признат трошок на крајот од годината е 40% од бруто исплатена месечна плата во РМ, или пример за месец Јуни 2014 год. ( 30.756,00 х 40% ) изнесува 12.302,00 денари бруто (11.072,00 нето надоместок + 1.230,00 пероснален данок).