21.8.2017 13:50:43
Лиценца за работа за КАУНТ
Друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ ДООЕЛ Скопје” се стекна со лиценца за работа издадена од Инситутот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.
Согласно Законот за вршење на сметководствени работи, “Друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ ДООЕЛ Скопје” се стекна со лиценца за работа издадена од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и е регистрирано во Регистарот на друштва за вршење на сметководствени работи од 23.06.2017 година под број 710209.
На нашите комитенти и соработници им благодариме на укажаната доверба изминатите 20 години наназад.
Нашата мисија и понатаму останува да ги штитиме интересите на сопствениците на бизнисите обезбедувајки им целосна логистика во делот на финансиите, даночниот менаџмент и консалтинг, експертска анализа, сметководствени и правни услуги.
И понатаму остануваме најгласни поборници за хармонизација на финансиското известување базирано на МСФИ/МСС и МСФИ за МСЕ - кластер на сметководствената дејност како современа мезоекономија во Република Македонија.