27.10.2015 09:19:20
Нова Аконтативна даночна пријава за остварени капитални добивки (образец ПДД-АДП/КД)
Согласно измените во Законот за персоналниот данок на доход објавени во “Службен весник на РМ број 116 од 2015 год. и Правилникот за изменување на правилникот за формата, содржината и начинот на пополнување на аконтативната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход за капитални добивки објавен во “Службен весник на РМ“ број 179 од 16.10.2015 год. пропишан е нов образец ПДД-АДП/КД со примена од 17.10.2015 година
Аконтативната даночна пријава за остварени приходи од капитална добивка ја поднесуваат обврзниците на персонален данок на доход кои остваруваат капитални добивки од продажба на учество во капитал (удел) и недвиженн имот, во рок од 15 дена од денот на остварување на капиталната добивка до УЈП.
Капиталните добивки остврени од продажба на хартии од вредност не се оданочуваат до 31 декември 2015 год.
Аконтативната даночна пријава може да ја превземето од страна на УЈП или со кликање тука