17.10.2014 13:18:51
Член 53 од ЗДДВ (втор дел)
Применета даночна стапка. Во фактурата задолжително се искажува по која даночна стапка е извршен прометот (5 или 18%) и пресметан износ на ДДВ-то или се наведува по кој член сте ослободени или ДДВ-то е пренесено по чл. 32-а од ЗДДВ.
Според тоа, доколку се применува член 32-а во фактурата или ситуацијата задолжително се наведува: “ДДВ-то по стапка од 18% во износ од________ денари, е пренесено согласно чл. 32-а од ЗДДВ“
Напомена: пресметките кај времените и завршните ситуации (извршени работи и минусирање по претходни времени ситуации и на платени аванси) задолжително треба да бидат без ДДВ и покрај тоа што претходните биле со искажан ДДВ (до 31.01.2014 год. или по 01.02.2014 год.)
Рок за издавање на фактура:
- Фактурата се издава на денот на кој бил извршен прометот, а најдоцна во рок од пет работни дена.
- При уплата на авнас, авансна фактурата се издава во истиот ден, а најдоцна во рок од пет работни дена.
Примери од пракса
Доста често во пракса се случува фирмата во ЦР да е регистрирана на домашна адреса, а правото седиште е на друга адреса со договор за закуп, или има магацин и продавница кои не се регистрирани во ЦР или не се пријавени во матичната евиденција во УЈП. Во овој дел посебно ги опфаќа влезните фактури за струја, вода, парно, телефон, комунална хигиена и сл.
Според член 53 од ЗДДВ, за да го искористите правото на одбивка на претходниот ДДВ за наведените трошоци за објектите кои ги користите, задолжително да ги регистрирате во ЦР, проверете или пријавете го вистинското седиште во матична служба во УЈП или извадете ХТП за останатите објекти (продавници, магацини и сл.)
ПРИМЕР: Пазарна инспкција при контрола кај еден даночен обврзник бараше магацинот кој е под закуп да биде регистриран во ЦР – комитентот го спроведе барањето на инспекторот за да не го казнат.
Препорака:
- секој даночен обврзник задолжително ги контролира влезните фактури дали ги содржат основните елементи пропишани со закон и доколку констатира недостатоци од добавувачот да бара нови исправни фактури, бидејќи во спротивно нема право на одбивка на претходниот ДДВ.
- Потрудете се секоја фактура која се доставува до купувачот да има потпис и датум кога е примена, бидејќи тоа Ви е најголем доказ за примена на Законот за финансиска дисциплина и при наплата преку Нотар или Суд.
Додади коментар
Коментари
повеќе...