За Каунт
Друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ Скопје, веќе две децении е лидер во обезбедување на даночни, сметководствени, финансиски и правни услуги на мали и средни субјекти

Поставете прашање

Зачленете се и искористете три бесплатни совети за вашиот бизнис

Повеќе

17.10.2014 13:17:14

Член 53 од ЗДДВ

Во пракса доста често се случува даночните обврзници кои го искористиле правото на одбивка на претходниот ДДВ при надворешни контроли да не им биде признат, бидејќи влезните фактури не ги содржат основните елементи пропишани во член 53 од ЗДДВ.

Според тоа потсетуваме дека, даночниот обврзник има ПРАВНО НА ОДБИВКА НА ПРЕТХОДНИОТ ДДВ само доколку набавеното добро или услугата е за вршење за дејноста за која е регистриран и влезните фактури се во согласност со член 53 од ЗДДВ и имаа приложено соодветен доказ.

Фактурата мора да ги содржи следните податоци:

1. Место, дата на издавање и број (броевите се хрнолошки)
2. Име (назив) и адреса на даночниот обврзник кој го извршува прометот и неговиот даночен број под кој е регистриран за ДДВ, телефон, трансакциска сметка, деловна банка, и-меил адреса и други податоци,
3. Име (назив) и адреса на примателот на доброто или корисникот на услугата,
4. Ден на извршениот промет,
5. Количина и опис на прометот,
6. Износ на надоместокот за извршениот промет, без данок на додадена вредност,
7. Применета даночна стапка,
8. Износ на пресметаниот данок на додадена вредност,
9. Вкупен износ на надоместокот за извршениот промет и ДДВ-то,
10. Потпис и печат на издавачот на фактурата.

Ден на извршениот промет

Денот на извршениот промет е време на настанување на даночниот долг и обврска за евидентирање, пријавување и плаќање на ДДВ-то во тој даночен период.

Даночниот долг настанува:

а) Во моментот кога е извршен прометот на доброто. Кога доброто се превезува или испраќа, се смета моментот на започнување на превозот или на испраќањето. Кога прометот вклучува монтирање или инсталирање, се смета моментот кога соодветните работи се завршени
б) Во моментот кога услугата е целосно извршена
в) моментот кога е примено авансно плаќање


Во случај на периодичен или континуиран промет, за кој се предвидени последователни плаќања, време за настанување на даночниот долг е денот на кој е издадена фактурата за соодветниот период.

Ако економски деливиот промет се должи и извршува во делови, време на настанување на даночниот долг е денот во кој е извршен соодветниот дел од прометот.

Доказ дека прометот е извршен

Бидејќи да во фактурата задолжително треба да се наведе и денот односно датумот кога е извршен прометот, во пракса доста често се случува фактурата да биде и испратница (фактура-испратница) на која е потпишан испорачателот и примателот на доборото и во тој случај датумот на извршениот промет и датумот на издавање на фактурата е истиот ден, меѓутоа во фактурата треба да бидат пооделно наведени и тоа како датум на извршен промет и датум на издавање на фактурата.

Доколку доброто се испорачува со испратница, а потоа се прави фактура, испратницатаво која задолжително се наведува име на купувачот, датум кога е испорачано доброто, место каде се испорачува робата, регистарски број на возилото со кое е испорачано добрто и потпис на примателот е прилог кон фактурата. Во фактурата датум кога е извршен прометот е датумот од испратницата.

Кога прометот вклучува монтирање или инсталирање, доказ дека прометот е извршен е испратница со кое е испорачано доброто и работен налог потпишан од примателот на доброто дека услугата е завршена. Во фактурата датум кога е извршен прометот е датумот од работниот налог.

Во дејноста согласно Законот за градење, односно изведувачи и подизведувачи кои изготвуваат времени и завршни работи. Доказ дека градежните работи во делови по времени ситуации или завршни ситуации е датумот кога е потпишан надзорниот орган, кој потврдува дека услугата е завршена, а прилог кон фактурата или ситуацијата е градежната книга.

Во случај кога има влезна фактура од подизведувач во фактурата место на извршување задолжително се наведува објектот и прилог кон фактурата е градежна книга.

Продолжува...

Додади коментар



Коментари

    повеќе...