17.10.2014 13:12:27
Исправна примена на членот 32-а од ЗДДВ (Четврт дел)
Авансни плаќања и примена на член 32-а од ЗДДВ
За секое плаќање кое се уплатува однапред (аванс) пред да биде извршен прометот, даночниот обврзник издава авансна фактура истиот ден кога е извршено авансното плаќање, а најдоцна во рок од пет работни дена (член 53 став 4 и 9 од ЗДДВ).
Сите авансни плаќања кои се примени или дадени се пријавуваат во даночниот период во кој се извршени и во ДДВ пријавата во зависност од видот на прометот за кој се однесуваат се внесуваат во соодветните полиња.
Вршителот на прометот на примателот на прометот, е должен да му издаде конечна фактура за извршениот промет на доборото. Во конечната фактура, даночниот обврзник врши пресметка за извршениот промет (добра или услуги) ги минусира авансни плаќања, како и износите на данокот кој настанал за нив, доколку биле издадени авансни фактури според член 53 став 4 од ЗДДВ.
Согласно член 53 став 6 од ЗДДВ, во фактури издадени како за оданочив промет, така и за промет ослободен од данок, се врши одделно наведување на прометот.
Кога примателот на добрата и услугите е даночен должник во случаите од членот 32-а од ЗДДВ, даночниот обврзник кој го врши прометот во фактурата наведува „пренесување на даночна обврска“ И покрај тоа што даночниот обврзник кој врши пренесување на даночната обврска, во фактурата нема обврска да ја искаже стапката на данокот и износот, ние сме на мислење дека треба да се наведат стапката на данокот и износот кој се пренесува поради контрола и исправно искажување на пренесениот данок кај другиот даночен обврзник.
Согласно напред наведеното вршителот на прометот во издадената конечна фактура (после 01.02.2014 година) за извршени градежни услуги ги минусира примените аванси. Доколку даночниот обврзник пред 01.02.2014 година, примил авнас, на кој пресметал ДДВ, а кочената фактура ја издава после 01.02.2014 година, во тој случај во конечната фактура го минусира авансот во нето износ без износот на данокот кој настанал за него.
Мислиме дека по деталното објаснување даночните обврзници ќе ги надминат дилемите за опфатот на прометот на кој се примена на механизмот на пренесување на даночната обврска по член 32-а од ЗДДВ.
Додади коментар
Коментари
повеќе...