За Каунт
Друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ Скопје, веќе две децении е лидер во обезбедување на даночни, сметководствени, финансиски и правни услуги на мали и средни субјекти

Поставете прашање

Зачленете се и искористете три бесплатни совети за вашиот бизнис

Повеќе

17.10.2014 13:02:17

Исправна примена на членот 32-а од ЗДДВ (Трет дел)

Значи, за примена на механизмот на пренесување на даночната обврска согласно член 32-а од ЗДДВ, прометот мора да има непосредно влијание врз супстанцата на градбата, т.е. мора да се врши проширување, подобрување, отстранување или одржување на супстанцата. Овде спаѓаат и трошоците за одржување (на пример услуги за поправка).

Не е доволно услугата да се врши врз одреден предмет кој се вметнува во градбата од страна на друг даночен обврзник. Во овој случај услугата само посредно влијае врз супстанцата на градбата и поради ова не потпаѓа под оваа посебна одредба.

Промет во смисла на член 3 од ЗДДВ, односно промет кој не потпаѓа под одредбите од член 32-а од ЗДДВ и во фактурата издадена кон примателот на прометот има обврска да пресмета, пријави и плати ДДВ.

1) Проектански услуги и услуги за надзор на градба
2) Промет само со градежен материјал
3) Столарија без нејзино вградување во објект
4) Тековно одржување, поправки или замена на резервни делови со набавка, транспорт и монтажа

ПРИМЕР:

Склучен е договор за тековно одржување на клими, видео систем за надзор, влезни врати на сензор, водоводна инсталација, тековни керамички преправки и тековни молерофарбарски поправки и слично, помеѓу два правни субјекти кои се ДДВ обврзници.

Како што е погоре наведено, за примена на механизмот на пренесување на даночната обврска согласно член 32-а од ЗДДВ прометот мора да има непосредно влијание врз супстанцата на градбата, т.е. мора да се врши проширување, подобрување, отстранување или одржување на супстанцата. Овде спаѓаат и трошоците за одржување (на пример услуги за поправка). Не е доволно услугата да се врши врз одреден предмет кој се вметнува во градбата од страна на друг даночен обврзник. Во овој случај услугата само посредно влијае врз супстанцата на градбата и поради ова не потпаѓа под оваа посебна одредба.

Доколку даночен обврзник регистриран за целите на ДДВ врши градежни услуги кои се наведени во член 2 став 1 од Одлуката при што даночниот обврзник користи негов материјал кон друг даночен обврзник регистриран за целите на ДДВ е промет кој потпаѓа под одредбите од член 32-а од ЗДДВ.

Согласно член 53 став 6 од ЗДДВ, во фактури издадени како за оданочив промет, така и за промет ослободен од данок, се врши одделно наведување на прометот.

На даночниот обврзник кој нема да ја пренесе даночната обврска за извршен промет кон примателот на прометот, согласно член 32-а од ЗДДВ и во фактурата го искаже и пресмета ДДВ-то, согласно член 60 став 1 точка 5 од ЗДДВ ќе му се изрече глоба во износ од 2.000 до 2.500 евра во денарска противвредност за сторен прекршок - издавање неуредна фактура која не ги исполнува одредбите од членот 53 од ЗДДВ.

Продолжува...

Додади коментар



Коментари

    повеќе...