За Каунт
Друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ Скопје, веќе две децении е лидер во обезбедување на даночни, сметководствени, финансиски и правни услуги на мали и средни субјекти

Поставете прашање

Зачленете се и искористете три бесплатни совети за вашиот бизнис

Повеќе

11.9.2014 14:20:12

Исправна примена на членот 32-а од ЗДДВ (Втор дел)

Ќе извоиме одделни изрази употребени во Законот за градење кои треба да се имаат во предвид при примената на член 32-а од ЗДДВ и тоа.

- Градење е изведување на претходни работи, изработка на проектна документација, вршење на подготвителни работи, изградба на нова градба, доградба и надградба на постојна градба, реконструкција и адаптација на постојната градба што опфаќа земјени работи, изведување на градежна конструкција, вршење на градежно-инсталатерски работи и градежно – завршни работи, вградување постојки или опрема и други работи со кои се оформува целината на градбата;

- Реконструкција е изведување на работи во рамиките на постојниот габарит на објект со кои се влијае врз исполнувањето на основните барања за градбата и со кои се менува усогласеноста на градбата со проектот според кој е изградена, со менување на фасада, промена на технолошкиот процес и на инсталацијата, санација и замена на конструктивни елементи и сл.;

- Адаптација е изведување на градежни и други работи на постоен објект со кои се врши промена на организацијата на просторот во објектот, се врши замена на уреди, постојки и опрема и инсталацијата од ист капацитет, а со кои не се влијае на стабилноста и сигурноста на објектот, не се менуваат конструктивните елементи, не се менува надворешниот изглед и не се влијае на безбедноста на соседните објекти, сообраќајот и заштитата од пожари и животната средина;

- Надградба е изведување на работи на постоен објект со кои се влијае на основните елементи според кои е изграден објектот, а посебно на конструкцијата во висина, со изградба на нови етажи до максимално дозволената висина со урбанистичкиот план при што може да севлијаена конструктивниот систем во рамките на постојните габарити на основата;

- Доградба е изведување на работи на постоен објект со изградба на нова површина надвор од габаритот на постојниот објект, до максимално дозволената површина предвидена со урбанистичкиот план, при што може да се влијае на конструктивниот систем на постојниот објект;

- Одржување на градежен објект е изведување на работи заради зачувување на основните барања на објектот во текот на неговото употребување;

- Постројка е збир на поврзана опрема која служи за остварување на технолошки или друг процессогласно со намената на градбата;

- Опрема се поединечни уреди, процесни инсталации и други производи од кои се состои постројката или самостојно се вградени во градбата и служат за технолошки или друг процес, согласно со намената за градбата;

- Претходни работи се работи кои во зависност од видот и карактерот на градбата, опфаќаат истражување и изработка на анализи и други стручни материјали, прибавување на податоци со кои се анализираат геолошките, геотехничките, геодетските, хидролошките, метеролошките, урбанистичките, техничките, технолошките, економските, енергетските, сеизмичките, водостопанските и сообраќајните услови, условите за заштита од пожари и заштита на животна средина, како и други услови предвидени со закон;

- Подготвителни работи се работи на изведување на привремени градби и други активности заради организирање и уредување на градилиштето, како и овозможување на примена на соодветни градежни и технолошки работи;

- Отстранување е изведување на работи на уривање или демонтирање на градба, објект или нивни делови, како и собирање и транспорт на градежниот материјал и отпад создаден со уривањето, односно со демонтирањето на градбата и со уредувањето на земјиштето.

Градби за кои не е потребно одобрение за градење
- привремени градби наменети за истражувачки дејности, кога постои одлука на наделжен орган за период од најмногу три години, по кој период треба да се отстранат,
- вградување и замена на опрема во градба која е во употреба заради проширување на капацитетот на градбата, со која не се менува намената на градбата и просторијата во која е сместена опремата, нити се менуваат општите услови за заштита и спасување предвидени со основниот проект за градба,
- телекомуникациска опрема за интерен пренос на говор и слика, опрема во функција на заштита на градба од кражби, заштита и спасување,
- огради,
- електронска комуникациска опрема за пренос на слика, говор и други податоци која се поставува на објекти,
- помошни градби кои се во функција на објект за домување или друг вид на објект и се градат на иста урбанистичка парцела,
- настрешница во функција на објектот,
- базени на ниво на терен за индивидуална употреба,
- оптички кабли,
- рекламни и информативни паноа кои се поставуваат на објекти

Продолжува...

Додади коментар



Коментари

    повеќе...