За Каунт
Друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ Скопје, веќе две децении е лидер во обезбедување на даночни, сметководствени, финансиски и правни услуги на мали и средни субјекти

Поставете прашање

Зачленете се и искористете три бесплатни совети за вашиот бизнис

Повеќе

18.8.2014 12:06:40

Исправна примена на членот 32-а од ЗДДВ (Прв дел)

Со воведување на новиот член 32-а во ЗДДВ (“Службен весник на РМ“ број 12/2014) од самиот почеток на примената (01.02.2014 година) и различните толкувања кај многу даночни обврзници предизвика дилеми за опфатот на прометот на кој се применува механизмот на пренесување на даночната обврска.

Донесувањето на Одлуката за определување на добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна на друг даночен обврзник (“Службен весник на РМ“ број 45 од 05.03.2014 година) одредбите од член 32-а од Законот ги стави во втор план и покрај тоа што во членот е прецизирано во кој промет и кои даночни обврзници треба да го применуваат пренесувањето на даночната обврска, а различните толкувања и мислења предизвикаа хаос и погрешно применување или неприменување при промети поврзани со Одлуката на Владата на Република Македонија.

Поради исправно толкување и примена на член 32-а од ЗДДВ, ќе ги издвоиме основните елементи и показатели во кои услови и промет даночните обврзници имаат обврска да го применуваат членот 32-а од ЗДДВ.

ДДВ-то по член 32-а се пренесува за следните извршени промети: градење, вклучувајќи одржување, реконструкција и отстранување на градби или нивни делови доколку се исполнети следните услови:

- Вршителот и примателот на прометот да се регистрирани ДДВ обврзници,
- Да имаат склучено договор,
- кога примател на прометот е инвеститор и поседува соодветно одобрение, а вршител на прометот е изведувач на работите и поседува соодветна лиценца, согласно Законот за градење,
- кога примател на прометот е изведувачот, а вршител на прометот е подизведувачот на работите, согласно Законот за градење.

Владата на Република Македонија со Одлуката за определување на добрата и услугите само ги прецизира кои добра и услуги дирекно (изведувачи) или индирекнто (подизведувачи) учествуваат, односно имаат влијание во градење, вклучувајќи одржување и реконструкција и отстранување на градби или нивни делови, меѓутоа доколку за извршениот промет не се исполнети условите наведени во чл. 32-а од ЗДДВ и Законот за градење (“Службен весник на РМ“ бр.130/09...79/13) добрата и услугите, даночниот обврзник во фактурата издадена кон примателот на прометот има обврска да пресмета, пријави и плати ДДВ.

Според тоа за исправна примена на член 32-а од ЗДДВ, треба да се имаат во предвид одредбите од Законот за градење со кој се уредува градењето, основните барања на градбата, потребната проектна документација за добивање на одобрение за градење, правата и обврските на учесниците во изградбата, начинот на употреба и одржување на градбата, како и други прашања од значење за градењето.

Продолжува...

Додади коментар



Коментари

    повеќе...