За Каунт
Друштвото за даночен консалтинг и сметководство КАУНТ Скопје, веќе две децении е лидер во обезбедување на даночни, сметководствени, финансиски и правни услуги на мали и средни субјекти

Калкулатор за пресметка на данок на доход од капитал


Доходот од капитал и друг доход е доход кој даночниот обврзник го остварува од капитал, имот или други видови на средства кои ги поседува и тоа:

  • доход од права од индустриска сопственост: обврзникот, наследник или носител на права од инудстрика сопстеност

  • доход од закуп и подзакуп;

  • доход од капитал: дивиденди и друг доход остварен со учество во добивката кај правните лица; камати од заеми дадени на физички и правни лица, камати од депозити, камати од хартии од вредност, друг доход од хартии од вредност или финансиски инструменти

  • капитални добивки остварени (разлика помеѓу продажната и набавната цена) при продажба или размена на: недвижен имот, хартии од вредност, учество во капиталот, друг подвижен и нематеријален имот (имот без физичка содржина, кој може да се идетификува)

  • добивки од игри на среќа;

  • доход од осигурување и друг доход и

  • друг доход кој го опфаќа доходот остварен:

    1. - од продажба на корисен цврст отпад, со електронска трговија преку интернет, од маркетиншки интернет услуги, за износот на неискористената финансиска помош, како и кусоци во трговија кои не се предизвикани од вонредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди), кои не се на трошок на платата на одговорносто лице

      - други лични примања: донации, спонзорства, школарини, стипендии, подароци, плаќање на трошоци за сместување и превоз на сл. за невработени лица

се одначува по рамен данок од 15% и е конечно намирена обврска.

Основа за пресметување на данокот на доход од капитал и друг приход преставува бруто доход намален за износот на нормираните трошоци или стварните трошоци, доколку документирано ги докаже.


Данок на непријавениот доход се пресметува по стапка од 70%


Во текот на годината се пресметува аконтација на данокот на доход по поднесена електронска пресметка од исплатувачот (правно лице) на доходот го пресметува, задржува и плаќа данокот на доход, освен за доходот од камати од депозити. Аконтацијата на данокот на дохдот, исплатувачот ја пресметува за секој обврзник и за секој поединечно исплатен доход. Исплатувачот е должен на обврзникот да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот на доход при секоја исплата.

Во текот на годината обврзникот (физичко лице) пресметува и плаќа аконтација на данок на доход за следните видови доход:

    1) доход од закуп и подзакуп, остварен од издавање на физички лица и физички лица кои остваруваат доход од самостојна дејност, а данокот го плаќаат според паушално утврден нето доход, дипломатски, односно конзуларни преставништва на странски и држави и меѓународни организации, во случаи кога обврзникот остварува бруто доход,

    2) капитални добивки,

    3) доход остварен од странство

    4) доход од работа во дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави и меѓународни организации, кај претставници и службеници на такви претставништво кои имаат дипломатски имунитет за кои обврзникот сам го утврдува и уплатува данокот,

    5) друг доход


Данок на доход НЕ СЕ ПЛАЌА на:

  • камати на депозити во износ од 15.000 денари на годишно ниво;
  • капитална добивка остварена од продажба на недвижен имот доколку:
    1. - обврзникот, кој живее најмалку една година во недвижниот имот пред продажбата, го продава по истекот на три години од денот на стекнувањето;

      - обврзникот го продава недвижниот имот по истекот на пет години од денот на стекнувањето;

      - обврзникот го продава недвижниот имот стекнат по основа на наследување или подарок кој е ослободен од плаќање данок согласно одредбите од Законот за даноците на имот;

      - обврзникот го продава недвижниот имот стекнат по пат на денационализација и

      - доходот е остварен од продажба извршена помеѓу брачните другари, како и од страна на брачните другари, извршена на трето лице во случај кога продадениот недвижен имот е во непосредна поврзаност со разводот на бракот.

  • на добивките од општите игри на среќа, ако поединечната исплата на добивката не го надминува износот од 5.000 денари.
  • уплатени примии за колективно осигурување за вработените лице кои ги плаќа работодавачот за повреди на работа и за обврзникот кој остварува доход од самостојна дејност.

Калкулаторите се од информативен карактер за пресметка на данок на доход од труд и истите не може да се користат за други цели.

пресметка на нето пресметка на бруто
доход од капитал и друг доход по стапка од 15 % на бруто нормирани трошоци (%) нето доход данок на доход бруто доход нормирани трошоци даночна основа персонален данок нето доход
доход од права од индустриска сопственост
наследник или носител на права од индустриска сопственост
доход од закуп за неопремени станбени и деловни простории
доход од закуп за опремени станбени и деловни простории
Доход од капитал
дивиденти и друг доход остварен со учество во добивката кај правните лица, камати од заеми дадени на физички и правни лица (пресметана камата), камти од депозити (пресметана камата над 15.000 ден. на годишно ниво) од 01.01.2020 г, камати од хартии од вредност (пресметана камата), друг доход од хартии од вредност или финансиски инструменти
Капитални добивки- разликата помеѓу продажната цена и нивната набавна цена
од продажба на хартии од вредност од 01.01.2020 г, учество во капиталот, друг подвижен имот, недвижен имот во кој обврзникот живее најмалку една година пред продажбата
недвижен имот во кој обврзникот не живее најмалку една година и го продава пред истекот на пет години од денот на стекнувањето нематеријален имот
Добивки од игри на среќа
поединечна исплата на добивката не го надминува износот од 5.000 денари
поединечниот износ на добивката е над 5.000 денари
доход од осигурување
Друг доход
доход остварен од продажба на корисен цврст отпад
доход осварен со електронска трговија преку интернет, доход од маркетиншки интернет услуги, износот на неискористената финансиска помош, износот на неискористени донирани финансиски средства, кусоци во трговија кои не се предизвикани од вонредни настани (кражба,пожар или други природни непогоди), кои не се на трошок на платата на одговорното лице, други лични примања (донации, спонзорства, школарини, стипендии, подароци, плаќање на трошоци за сместување и превоз и сл. за невработени лица)
Принтај